понеделник, 15 септември 2014  |  Вести денес: 96

Даниел Кајмакоски се сврши

Миленикот на македонската публика ќе ги скрши срцата на многу припаднички на понежниот пол.

1493094_619649151459457_1811003891_n

Даниел Кајмакоски одлучи да ја запроси девојката на својот живот. Изгледа дека неговата желба да ја пронајде сродната душа и да остави потомство со неа сега стана реалност. Изјавите во медиумите му помогнаа на момчето со X фактор да ја пронајде вистинската.

Упс!!! Дишете длабоко и престанете да ги крцкате прстите на рацете од нервоза, новиот миленик на македонската публика се уште е сингл.

Ова беше само една првоаприлска шега со која сакавме да ви го покачиме нивото на адреналин ова вторничко утро. Денес не сфаќајте се сериозно, денес е денот кога насмевката не треба да се тргне од вашето лице! Ќе ни простите, зарем не?

Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата се слави секоја година на 1 април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1 Април не е национален празник, но секаде е признаен и се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалштини. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн.

Традиционално, во некои земји како Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат само до пладне и некој кој прави трикови после пладне го нарекуваат „Априли-ли-ли“ и го исмејуваат „Денот на шегата си замина, ти си будала што се шегуваш“. Во други земји како Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија, Бразил, Ирска, Австралија и САД шегите траат цел ден. Во Франција и Италија децата ( и возрасните, кога е соодветно) традиционално на грбовите еден на друг си лепат риби од хартија и викаат „april fish“, на својот јазик („Poisson d’avril! “ „pesce a’aprile!“, односно на француски и италијански). Најраната врска помеѓу први април и шегата може да се најде во Canterbury Tales-Приказните за Канетбуру на Чаусер (1932година). Многу писатели претпоставиле дека зад создавањето на овој празник стои враќањето на први јануари како Нова Година, но оваа теорија не објаснува некои поранешни тврдења.

Извор: Википедија

 

на 41361 луѓе им се допаѓа Вистина.мк
Придружи се и ти

Коментари

коментари