среда, 18 октомври 2017  |  Вести денес: 0

Рената Кралевска: Мразам предвидливи краеви

Младата пејачка Рената Кралевска која моментално е актуелна со својата нова песна „Trust your feelings“ ја даде својата лична препорака за Вистина.мк.

10550873_10203577745837433_4129961168031455115_n

Книга – Затоа што те љубам – Гијом Мисо

Пред сѐ секое дело на Гијом Мисо е само по себе феномен! Огромен љубител сум на книги, имам прочитано премногу дела, но мистериозноста и поттикот на фантазијата во мојот ум за секое наредно дејствие читајќи ја оваа книга беше одлучен момент за да се најде на прво место. Приказната во која клучен фактор е љубовта, драмата, мистеријата и неизвесноста е секогаш магнет за изолација и целосно препуштање на квалитетна книга.

Picture 1211

Филм – Shelter

Сакам психолошки трилери, драми и квалитетни хорори… Сѐ што е мистично, на граница со реалноста ме привлекува да го задржам вниманието.  Ја сакам таа тензија и адреналин кога гледам филм кој ќе ме натера да ја предвидувам секоја наредна сцена. Едноставно сакам филмови кои никогаш не завршуваат по некое веќе предодредено клише – сценарио со предвидлив крај. Shelter е таков вид на филм, каде што психологијата на човекот понекогаш знае да биде конфузна со цел да не се оддалечи од она што веќе го знае, како дел од наука. Овој филм дозволува да размислувате дека можеби и навистина постојат работи што не можат туку така лесно да се објаснат, но подготвеноста да се прифатат истите може и да донесе до нови верувања и откритија. Човечкиот ум не смее да има лимит.

Shelter Movie

Изведувач – Шаде

Имам повеќе омилени изведувачи, но безвременската Шаде ќе ја издвојам како нешто посебно. За нејзината музика не се потребни премногу зборови, доволно е само да слушате и да навлезете во некој сосема поинаков свет. Целиот звук, бојата на гласот ја прават неопислива емоцијата која што се создава. Тој спој на smooth jazz, soul и R&B е добитната комбинација според мене. Едноставно затворете очи и уживајте. Музика за душа.

Screenshot

Албум – „Let’s talk about love“ на Селин Дион

Селин Дион е музичка икона со која израснав. Всушност овој албум беше првиот албум што мајка ми го подари, а тоа беше најголемото изненадување за мене. Многу добро се сеќавам, имав некаде 8 години, а за брз период го знаев скоро цел албум на памет. Ден денес кога ќе слушнам песна од овој албум, ме враќа во тој период на детството кога замислував дека еден ден и јас сакам да бидам дел од тој свет на музиката. Тоа беше поинаков почеток за мене, знаев по кој пат ќе одам… Среќна сум што ги следам моите соништа кои се родија во тој момент, во тоа време.

Celine_Dion_Lets_Talk_About_Love-1

#Коментари