четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Игор Митровиќ: Кај Бијонсе ми се допаѓа апсолутно сѐ!

Пејачот Игор Митровиќ ја даде својата лична препорака за Вистина.мк.

10341589_871744119506582_5071490368939993531_n

Книга

“Вештицата од Портобело” – Пауло Коелјо. Јас сум човек што мисли дека и она што изгледа невозможно и нереално, сепак може да биде и возможно и реално. Токму затоа ме фасцинираше оваа мистериозна новела, како и авторот кој е добро познат кај публиката по својот мистериозен стил, со големи и отворени погледи во животот.

_________________4e3fd268e9f8d

Филм

Обожавам комедии и драми. Ги имам премногу омилени, навистина не би можел еден да одвојам. “The Notebook”, “One for the money”, “The wolf of the street”, “10 rules for sleeping around”…… Ги има уште многу.

the_notebook

Изведувач

Од машките изведувачи ќе ги издвојам Џон Леџенд и Робин Тик. Џон Леџенд има прекрасна боја на глас, знае како песната да ја донесе со чувства и тоа го прави на свој оригинален начин, како и стилот на музиката кој ја негува Робин Тик. Песните исто така знае навистина да ги одбере.

Од женските изведувачи тоа е Бијонсе. Се ми се допаѓа кај неа. Ама апсолутно се!!!

Beyonce_HM_Summer_Campaign_07

Музички албум

Ахх…  Во животот освен за луѓе, се врзувам и за песни. Многу ама мноооооогу ги има. Последен албум со кој што заспивав и се будев е на Робин Тик – Sex teraphy.

Песни со кои што моментално се дрогирам се Робин Тик  ft. Џеси Џеј – “Calling our hearts”, Џеси Џеј ft. Ариана Гранде – “Bang bang”, Ромео Сантос – “Rival”, Envy – “Am I wrong”, Џејсон Деруло- “Wiggle wiggle”, Енрике Инглесиас – “Bailando”, Сергио Мендес ft. Џон Леџенд – “Don’t say goodbye”…. Секоја песна ме врзува за одреден спомен кој ме потсетува на убава работа во животот. Ги има уште многу, но ако ги набројувам до утре ќе пишувам.

Sex-Therapy-The-Experience-Deluxe-Version

#Коментари