сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 31

Јоце Панов: „Always on my mind“ од Елвис Присли

Elvis-PresleyAмериканскиот пејач Елвис Присли (1935 – 1977) е една од најголемите музички икони на 20-тиот век и со право го носи прекарот „The King“ (Кралот).

Неговата кариера започна во 1954 година, а во 1956 веќе го имаше и своето филмско деби во „Love me tender“. Неговите високо профитабилни тури го достигнаа врвот во 1973 година кога за прв пат преку сателит глобално се пренесуваше неговиот концерт „Aloha from Hawaii“.

Елвис беше комерцијално успешен во многу музички жанрови и тој е најпродаваниот соло артист во историјата на музиката со преку 600 милиони копии. Четиринаесет пати беше номиниран за Греми, а три пати ја освои наградата.

10527396_747024328673811_5656544427328683158_n

Пејачот Јоце Панов токму една песна од Елвис Присли ни ја посочи како своја омилена:

Елвис Присли е мојот идол од детството. Уште како дете видов кај мене многу сличности со неговиот карактер и личност. Оваа песна најмногу ја сакам, а кога го слушам текстот се ежам бидејќи го оцртува мојот карактер. Тие што ги сакам секогаш се во моите мисли, но можеби не знам да им го покажам тоа на вистински начин бидејќи како личност сум малку крут јарец во хороскоп. Јас ги сакам моите луѓе, но едноставно ете не сум личност која се лигави и го покажува тоа, туку оставам на делата да говорат за мојата љубов, за мојата верност кон нив, а тоа сака да го каже и Елвис во песната „Always On My Mind”.

„Always On My Mind“

Maybe I didn’t treat you
Quite as good as I should have
Maybe I didn’t love you
Quite as often as I could have
Little things I should have said and done
I just never took the time

You were always on my mind
You were always on my mind

Tell me, tell me that your sweet love hasn’t died
Give me, give me one more chance
To keep you satisfied, satisfied

Maybe I didn’t hold you
All those lonely, lonely times
And I guess I never told you
I’m so happy that you’re mine
If I make you feel second best
Girl, I’m sorry I was blind

You were always on my mind
You were always on my mind

Tell me, tell me that your sweet love hasn’t died
Give me, give me one more chance
To keep you satisfied, satisfied

Little things I should have said and done
I just never took the time
You were always on my mind
You are always on my mind
You are always on my mind

#Коментари