вторник, 24 јануари 2017  |  Вести денес: 89

Груевски и Заев ќе се соочат на суд

Во секој момент се очекува да започне продлжението на судскиот процес каде премиерот Никола Груевски го тужи лидерот на опозицијата Зоран Заев за клевета. Се очекува да сведочат и Груевски и Заев.

zaev-sud

На вчерашното рочиште, главниот сведок на СДСМ и Заев, српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ- познат како газда Нини изјави дека не го познава Груевски и дека немало криминал во приватизацијата на „Македонска банка”.

Нини, кој беше сведок од страна на Заев, јавно призна дека нема вистина во обвинувањата од страна на најголемата опозициска партија и сведочеше против тврдењата на Зоран Заев.

“Бев непријатно изненаден кога ме повикаа да сведочам. Не се познавам ни со Груевски ни со Заев. Со премиерот се немам видено никогаш во живот. Ниту за македонска банка сум имал разговор со него, а и немав потреба за тоа бидејќи акциите беа продадени на берза и можеше да ги купи кој сака. Си имам брокери кој го работат тоа. Продавачот јас не го познавам. Јас незнам кој бил сопственик на акциите ниту сум можел тоа да знам” врече Нини.

На денешното рочиште во Основниот суд Скопје 2 закажан е распит  на тужителот Никола Груевски и тужениот, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

извор:Курир

#Коментари

Коментари

коментари