среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Ален Хасановиќ: „Пораснав со музиката на Тоше Проески“

Младиот пејач Ален Хасановиќ публиката го запозна како дел од првата сезона на проектот „Сите наши песни“ на МРТ, потоа промовираше нова песна со која победи на реномираниот охридски фестивал „Канео Фест 2014“, а во наредниот период публиката ќе го гледа и во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Alen Hasanovic Stari Grad

Ален Хасановиќ ја даде својата лична препорака за книга, филм и изведувач по свој вкус, за читателите на Вистина.мк.

Книга: Морам да признаам дека книги поретко читам, затоа што немам многу време, имам многу настапи и повеќето време што ми преостанува и го посветувам на музиката, а една од омилените книги ми е Странец од Albert Camus.

Филм: Сакам да гледам квалитетни филмови без разлика на жанрот најбитно е да има добра приказна, добри актери, а и секако добра продукција затоа што без добра видео и аудио продукција филмот нема да има никаква смисла, најмногу гледам акција и комедија, еден од омилените актери ми се Џим Кери и Еди Марфи.

alen hasanovic 3

Изведувач: Човекот со чија музика пораснав беше Тоше Проески. Кај него едноставно ми се допаѓаше сѐ, неговата музикалност, став, неговиот глас, едноставно Тоше беше еден добар пример како треба да се однесува еден уметник на сцена, со луѓето и со сѐ што го опкружува еден човек.

Музички албум/песна: Еден од омилените албуми ми е последниот албум на Тоше Проески, Игри без граници, а песната која би ја издвоил како моја омилена е Цреша, затоа што таа на некој начин ги опишува луѓето, и сите оние вистински и вредни работи кои луѓето за жал во денешно време ги немаат.

#Коментари