недела, 22 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Јелмаз Дервиши од Алсат-М: Омилена книга ми е „40 правила на љубовта“ од Елиф Шафак

Јелмаз Дервиши од 2010 година е уредник на забавна програма во телевизија Алсат-М. Тој е автор и водител на најгледаните забавни емисии во телевизијата, а под неговото будно око се креира и лајф стајл магазинот „Пицикато“.

jelmaz-dervishi-alsatm

Јелмаз Дервиши ја даде својата лична препорака за книга, филм и изведувач по свој вкус, за читателите на Вистина.мк.

Книга: 40 правила на љубовта од Елиф Шафак. Возбудлива, мистична и поетска приказна. Елиф Шафак е една од најинтересните авторки од Турција која иста така пишува доста интересни колумни и има прекрасен спој во нејзините приказни на источната мистика во западната реалност.

Филм: Филмови ретко гледам, а искрено и одамна се немам фасцинирано. Запаметени ми се Dreamers, Peaceful Warrior и Beautiful mind.

jelmaz-dervishi

Изведувач: Ana Brun, Lizz Wright, Bjork, Sia, Jeff Buckley.

Музички албум/песна: Песните немаат крај. Мене интерпретацијата и емоцијата можат да ме освојат. Тоа е магија или се конектираш со бојата на гласот, текстот, понекогаш мелодијата и тн.

Words, Speak your heart, Yoga, Sonn will be found и Lilac Wine од погоре наведените автори.

jelmaz dervishi

#Коментари

Коментари

коментари