четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

КРВНА ОСВЕТА

Стануем некња сабајлето и таман да тргнам на работа, дотичната ме праќа прао у апотека да и купам од тоа странските хигијенски улошки шо ги рекламираат на телевизија и таблети против болови у стомак. Јер коа ќе и дое тоа месечниот циркус, толку губи крв, шо не може да стане од кревет ни до нужник, а камо ли даље,  а Црвен Крст мора да праи ванредна крводарителска викенд акција само за неа!

Screenshot (2)

Абе како да ти кажам, изгледа  као да ја цицал Дракула за доручек! И шо да праам коа ме фатил таксират, него да седнам у кола и правац у прва апотека у новите кули од каршија.

01

Утрчуем ја унутра и уз дужен поздрав на апотекарката у бел мантил, шо свртена према мене со грб нешо претура по лекоите наредени на тоа  сталажата, и срам – не срам, кратко и јасно, со  еден збор ја прашуем:

Screenshot (3)

„Имате ли хигијенски улошки, овај, како да кажам… мислам, „Силуете, Олвејс, или…“? А она, без уопште да се сврти, као из топа ми одговара: „Да! Силуеме! Поготово такви лепотани као тебе – олвејс, без исклучок.  И тоа искључиво у случај, да не пристанат сами да даат. А после па им мериме и притисок, за им го утврдиме степенот на возбуда“  – и почиња да зајдуе од смеење.

Pharmacy consultation

Тек коа се најдовме фејс ту фејс, едвај ја препознав, Биба – „Бицепс“! Откоа испоздраивме, изљубивме и изгрливме, седнавме на тоа масичето позади тезга уз чаша мултиваитаминска шумеќа таблета у вода,  да се изнамуабетиме, јер не сме се виделе еден век! Откоа као  прво констатирав дека цуцлава се удала, а као друго и дека не го знам чоекот, ја прашуем шо работи дотичниот, а она ми вика дека тренутно ништо, али навелико се спрема да отвори култен бизнис: Прва приватна библиотека со климатизирана читална!

Ја глеам ја вака бледо и си мислам кој чита денес уопште книги, па камо ли у читална?  И не ме држи срце да не ја прашам да не е тој малце нездрав, а она ми вика:

„Па, шо мислиш, да е здрав ќе држев ли ја  аптека“?

pesi_donne_body_building_allenamento

И тоа шо викаш, си викам у себе,  и престанав да се чудам, јер знам дека женскава одувек била љубител на развијање тела, а не на развијање духа! Па така го доби и надимакот уше у она време коа интензивно се забављаше со Миле – „Мишиќот“, прв билдер у маало, шо имаше илегален боди – билдинг клуб кај него у подрум. Али откоа едно време почна слабо да и обраќа пажња, пошто се фати со производство на тегои од конзерви од грашак, пунети со малтер  и водоводна цевка у средина, една вечер, доека она целата разочарана, скришно пушеше цигара потпрена на стубчето од капијата кај мене пред куќа, ја начекав на тесно и… Онака спонтано, уз другарски муабет и посочив како со читање стручна литература шо му ја дрпнав на  Аце – „Аквизитерот“, за шест недељи може да скине стомак, уз секојдневен тренинг по стручна литература: „Фигуре венерис“ – поглавље  „Спортски пози“ уз специјален третман: седнуење у скут на голо уз вертикални двонасочни вежби, горе – доле, наизменично… и све така, доека не се деси беља! Јер уместо она да скине стомак, ја ја скинав од…  вежбање. А стомакот уместо да и нестане, и нарасна као балон! И пошто „Мишиќот“ немаше абер да ја жени, јер се занесуеше дека ќе стануе државен првак у натурал билдинг, а ја и да сакав – не смеев, јер така ќе се откриеше  што е работата, после што  дечко и  вероватно прво ќе ме акнеше од асвалт, а после ќе ме заѕидаше у тоа бетонските тегчиња,  сиротата мораше да го абортира и после више не роди. За утеха, једини ќар од сето тоа и беше шо уштеди некоја пара, јер тие пар месеци док беше трудна, не мораше да купуе улошки!

Screenshot (5)

Него, коа сме кај  тоа улошките, евоцираме ние така спомени со „Бицепсот“, коа погледнуем ја у еден тренутак на саат и шо да видам: прошло пладне! Срипуем од столче као попарен, го грабам тоа кесичето шо претходно ми го спакуе, и док она нешто чудно ми се смешкаше под брк  док ме испраќаше на врата од тоа веледрогеријата, седнав у ауто, гас до даска и правац куќи. И таман стигнав до дома, коа глеам собрани тоа комшиките кај мене пред врата! Ме гледаат онака намрштено и ми викаат:

Screenshot (7)

„Кај си бе комшија до сега? Па, нели ти е срам? Од 8 сабајле до 12 ипол на пладне и купуеш улошки! Као да те пратија чеиз да и бираш, а не тампони?  Жена ти сиротата само шо ја однесоа со Брза помош у болница, на трансфузија“!

1831

А, мене тек тогаш ми стана јасно што ти е крвна освета!  Јер док седевме  и причавме у тоа апотеката, „Бицепсот“ за цело време ми викаше:

„Седи бе Рамбо, полека, кај брзаш? Па, никој не умрел од менструација!“

#Коментари