среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Маја Саздановска: „Пријатели“ е најдобрата серија на сите времиња

Пејачката Маја Саздановска ја даде својата лична препорака за Вистина.мк.

1624551_10204097646193135_2070268053_n

Книга – Од книги ќе ја издвојам „Парфем“ од Патрик Зискинд. Кога ја прочитав таа книга не ми се веруваше до кој степен може да оди човековата фантазија, а наедно и така описно некој да ја раскаже.

Маестрално дело за кое има и филм, но од пусти страв да не ми го расипе впечатокот од книгата го немам гледано.

9780140120837-1

Филм – Да бидам искрена не сум некој филмоман, но затоа СЕРИИИИИИИИ е тоа е мојот жанр! И секако „Пријатели“ е онаа на која постојано се навраќам, дали за отпуштање, дали за да се расположам, дали за да се насмеам… СЕКОГАШ!!!

cn_image.size.friends-oral-history-01

Изведувач – Мојот опус на музички љубимци е доста голем… Но секогаш Стиви Вондер е она вистинското и музички инспиративно и мелодиски стимулативно.

Од аранжмани до пеење, неговите песни се музички лекции од по 4-5 минути во секој поглед!

stevie-wonder-new-albums-lead

Музички албум – Омилен музички албуми ми е „Бадуизам“ на Ерика Баду.

Ова, за мене ремек дело, е спој на лирика во која секој збор носи своја филозофска порака (сите несфатени текстови, ги сфатив откако гледав еден нејзин настап каде се си објасни по ред, што сакал да каже писателот), а веќе R&B музичкиот пристап на музиката кон тие теми, за мене беше комплетно уживање на сите сетила!

baduizm-front-cover

#Коментари