четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Боби Сакс: „Не посветуваме доволно внимание на исхраната и спортот“

Бобан Цветановски, познат како Боби Сакс е млад уметник кој свири повеќе стилови на музика, како што тоа се: latino, house, swing, groove, Balkan beatz и други. Настапува по кафулиња, клубови и дискотеки низ цела Македонија, а активно членува во бендовите „LATINS” и „Swing’rovers”.

bobi saks boban cvetanovski

Бобан Цветановски – Боби Сакс ја даде својата лична препорака за книга, филм, изведувач и музички албум за читателите на Вистина.мк.

Книга „Поблиску до себе” од Лидија Зорба. Бидејќи во денешно време имаме време за се освен за здравјето и телото, па токму оваа книга ја препорачувам да се прочита и да почнеме да посветуваме повеќе внимание на исхраната и спортот. Затоа и го преферирам мотото „во здраво тело- здрав дух”.

Филм Најчесто гледам комедии и трилери. Адам Сендлер дефинитивно ми е најоткачен лик и ги имам изгледано сите негови филмови, а од трилерите посебно ми остави впечаток Déjà vu со Дензел Вашингтон.

boban cvetanovski

Изведувач Од македонските изведувачи ќе ги издвојам Владо Јаневски, Влатко Стефановски и се разбира Тоше Проески. Од странските најчесто ги слушам песните на Марк Ентони, Бијонсе, Мичел Тело и Еминем.

Музички албум/песна Како музичар мора да се има широк репертоар на песни бидејќи тоа ни е и работа. Од сите жанрови нормално е да имам свои фаворити, но како професионалец се трудам да ги изнесам сите песни на најдобар начин, така што со еден збор песните се селектираат на добри и шунт.

#Коментари