четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Пишање уз ветар!

Шетам некња низ град, за да купам пар нови кондури и док ѕиркам така по тоа стаклените витрини, одеднаш, ми скренуе пажња графитот нашкрабан на тоа ѕидот у продужење на излогот: „Белите ѕидои ни се слабост“!  У потпис: „Новите дечки“!

Да ти ибам тоа новите дечки, со старачки навики. Уместо да ги праат бербат тоа девојчињата, они праат бербат по ѕидои.

Па, мене коа ќе ми текне, у наше време ние по тоа ѕидоите шаравме само у еден случај: со вруќ млаз, коа ги празневме тоа белите бубрези, навечер, на враќање од корзо… И опет, тоа го изведуевме многу фраерски, уз присуство на такмичарски дух и тоа у две основни дисциплини: пишање у даљ и истото тоа, само у вис.

reun2003fencepiss_th

Јер прати шо се дешаа: Застанујат два, три, четири.. или не знам више колку такмичари иза црте у исти ред и на даден знак откопчујат рајфершлус на шлицот од пантоланите, праат расчекор, го зима секој својот реквизит у руки и у рок од 5 секунди почињаат да шприцаат – прва рунда, према ѕидот од зградата. Након тоа, праат искорак – 3 чекора на назад, и на знак, почиње друга рунда. Оној шо нема да добаци, т.е. шо ќе го остаи ѕидот сув – испаѓа од игра… И све така доека на крај еден не остане сам. После тоа, осталите, другиот ден го частат шампионот. Кој му купуе боза и еклер у  Апче и Шехерезада, кој  карта за кино, кој кокици за спортска занимација… А, откоа ќе заврши тоа кино преставата, претстои реванш!

Screenshot (6)

Е сеа, некој ќе рече дека не е некоја уметност у питање, него се важни само природните предиспозиции, али ја не викам така. Јер, од секое дрвче, не бидуе свирче! У спротивно, од магарешки ќе праеле зурла или пожарникарско црево! Јер поред дужината на такмичарскиот реквизит, важно е уште да имаш и доволен капацитет на гориво, т.е. да моеш шо поише да издржиш да го збираш, за коа ќе ти дое, да прскаш као шмрк! Ма, какви бе… као Фонтана Ди Треви у  Рим! Или као сеа нашана со Воинот на коњ на Плоштад Македонија! А, с друге стране мора да имаш тактика правилно да го распоредиш капацитетот, за да не ти се деси на пола утакмица да ти секне, односно да ти снема  муниција, као шо редовно му се дешааше на Геро – „Гејзерот“.

Screenshot (12)

Страшен потенцијал у сантими, али не знаеше да се штеди. Све шо има, ќе испука у првите две рунди и на крај увек му се дешааше да го „попуши“. А, ангерот, као ангер, ем плаќа, ем забораив да кажам дека, а си последен, таа вечер си и „Пиш бој“! Или у превод: по казна на сите такмичари на крај мораш да им го истресеш до последна капка, за ни една да не им падне у гаќи. У спротивно, плаќаш дупло! Па, чоекот због тоа после и се пребаци у другата, такозвана висинска  дисциплина. Е, тука беше цар! Јер, тука не треба тактика. Битен е само капацитетот. Кој ќе остаи трага, шо повисоко на ѕидот.

Screenshot (3)

Штета шо кариерата кратко му траеше. Све до онаа вечер коа обарајќи нов маалски рекорд, го истуширал прао у глаа комшијата Боро – „Багерот“  шо живееше на втори спрат у наша зграда, кој случајно у тој момент искочил на балкон да испуши една цигара, јер жена му као тазе породена, не му дааше да чури у спална. Џабе шо после покушал да му се извини и да му објаснуе дека било несакајќи, дека у жарот на играта не го приметил… Иди, па докажи дека било случајно.

Screenshot (14)

Откоа „Багерот“ у првата прилика сто насто го испуни обеќењето дека ако го фати – ќе го шкопи, сиротиот мораше да и каже збогум на кариерата… због повреда! После покушааше нешто у тоа женската клечеќа дисциплина, кај шо једини циљ е шо поише количински да го напуниш садот, али ништо… Па, не џабе се вика, дека жените, за разлика од мужите, никад немале муда за некои ствари!

Screenshot (4)

На крај ја ожени Мими – „Мочлата“ и одма након свадбата се преселија у друг стан у новата населба шо се изгради отаде Нова железничка!

Него, така замислен и заглеан у тоа графитот, со извинење, и мене ми се приоде по нужда. И тоа мала! Влагам у првиот кафич, онде, у сред центар града, затварам врата од тоа кабината и док брзопотезно се припремам да работам на случајот, глеам  на тоа плочките изнад казанчето залепена предупредувачка порака ли, клетва ли ќе беше, напишана со црн фломастер: „Кој наместо во шољата моча покрај неа или кај ќе стигне, да даде Господ више да не му се дигне“!  У потпис: Жената шо го чисти WC-то.

DSC00527

Абе, ај – си викам, за мене, старо мајсториште тоа не важи. Па, ја сум гаѓал многу помали дупки  и тоа пијан… И уште не сум докажал, коа: Оп… утка!

Screenshot (13)

„Јеби га, секому се дешаа по некад да му се лизне од рука“ – си викам, и док пуштам вода на казанчето и се вртам да измијам руки на чешмата,  поред лабавото на тоа сапуњарката за течен сапун глеам залепена слика, а изнад неа испишана нова порука: „Ко пиша ван рупе, је.ем га у  ду .е“!  У потпис: Мажот и на жената шо го чисти WC-то.

Screenshot (15)

Целиот потресен дискретно на прсти искачам од тоа кабината и док набрзинка бегам  по тоа ходничето, се вртам лево десно, да заглеам да не има инсталирано некоја камера или случајно да не е типов тука… па не дај Боже, да реши да го испуни обеќањето! Е тек после мочањето има да ми испадне пишање уз ветар!

#Коментари