вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 43

Виктор Апостоловски: Јас не го имитирам Џастин, туку стилот што го носи!

Неодамна промовираше нова песна со видео запис, а деновиве ни најави и студиски албум, популарниот пејач Виктор Апостоловски кој го обожуваат тинејџерите, ја даде својата лична препорака за Вистина.мк

Viktor Apostolovski Idol

Виктор Апостоловски ја даде својата лична препорака за книга, филм, изведувач и музички албум за читателите на Вистина.мк.

Книга – Вероника реши да умре – Пауло Коелјо. Се одлучив за оваа книга бидејќи го обработува концептот на лудило и те тера да размислуваш малку и надвор од општествените стеги. Сите го знаеме стилот на Пауло Коелјо, има одлични книги, но ете токму оваа ми дојде прва на памет. 🙂 За оние пак кои сакаат да го сменат начинот на размислување им ја препорачувам The Secret – Rhonda Byrne.

Филм – Па нема некој специфичен жанр што ми е омилен, а има многу филмови што ги сакам и бидејќи е тоа така, ќе препорачам неколку.

Прва моја препорака е After Earth со Will и Jaden Smith во главните улоги. Иако доби „Златна Малина“, го одбрав овој филм бидејќи прво, Вил Смит ми е еден од омилените актери, второ, ми се допаѓа концептот на кој е направен, а особено моментот кога Вил Смит го објаснува стравот на својот син. Од него исто така добри филмови се „I am Legend“ и „Hancock“.

Исто како и кај книгите, сакам кога филмот е поучен, макар тоа и да е нешто што веќе го знам. Ние луѓето, колку и да сме различни, сите си имаме некој систем на функционирање, т.е. систем од навики кои ги правиме нон стоп и баш поради тоа, инвентивноста т.е. уметноста во нас не сака да излезе на површина. Ако некој е поразличен веднаш му се суди, без да проба да се сфати неговото гледиште. Сите се знаеме, сите сме врзани во еден круг и затоа ништо не оди напред. Треба некој да не поттурне за да тргнеме. Е токму заради ова ги сакам ваквите филмови. Не ги гледам колку да отепам време или заради тоа што некој другар или некаква академија кажале дека се добри или лоши, не, ги гледам за да поттикнат нешто во мене и според тоа и ги ценам.

viktor-apostolovski

 

Изведувач – И тука сум многу не одлучен, но бидејќи морам да одлучам, ќе кажам Бијонсе и Џастин Тимберлејк. И сега одма „Ти реков дека го имитира Џастин, знаев!…“ Јас не го имитирам него, туку стилот што го носи, стилот што тој го презел од Мајкл Џексон и неговите претходници, ама нормално, него никој не го обвинува и никој не му суди бидејќи луѓето таму сакаат да слушаат музика и да се релаксираат, а не да зборуваат од лажни профили за да добијат лажно внимание. 🙂
Инаку Џастин не ми беше омилен изведувач се дури не ги слушнав неговите настапи во живо. Кога разбрав дека тој заедно со бендот ги прави тие аранжмани, и кога видов како изгледаат и звучат неговите шоуа, тогаш сфатив дека всушност тој не е само некое богато дете што одлучило да снима, па го средувале во студио за да зазвучи како што треба. Тој е прав артист.
А кај Бијонсе нема што да не ми се допаѓа. Кралица на сцената.

Музички албум/песна – What goes around comes around – Justin Timberlake – Бидејќи таа е песната што ме направи ова што сум денес, сите ја паметат изведбата на идол и ден денес има најмногу гледаност на YouTube. А веднаш по неа е Maria Maria – Carlos Santana – Песната со која испаднав. Тоа се тие две песни што мислам дека ќе ги изведувам цел живот. 🙂
А омилен би рекол дека ми е албумот од кој доаѓа What goes around а тоа е Future Sex/Love sounds – Justin Timberlake. Исто така ми се допаѓа тоа што песните на Џастин ја немаат онаа стандард должина и стандард постава. Знаат да траат и по 8-9 минути, што на некои им смета, ама јас мислам дека тоа негово поинакво размислување, тие ситници го прават да се издвои од останатите.

#Коментари