понеделник, 23 јануари 2017  |  Вести денес: 72

Мартин Данчев: Сакам да гледам филмови кои ме тераат да размислувам

Младиот надежен пејач и успешен модел Мартин Данчев ја даде својата лична препорака за книга, филм, изведувач и музички албум за читателите на Вистина.мк.

martin danchev

Мартин Данчев е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје при отсек соло пеење – популарни жанрови. Тој е роден на 9-ти јуни 1994-та година во Скопје, а на јавноста како пејач веќе и е познат по учеството во првата сезона на проектот „Сите наши песни“ на МРТ1. Покрај музиката, Мартин редовно има модни ангажмани преку својата матична модна агенција – „Црнокрак“.

Книга – Во принцип сакам книги полни со авантури и мистерии. Една од омилените ми е циклусот „Наследство” од Кристофер Паулини, но и „Кодот на Да Винчи“ од Ден Браун, книга полна со тајни, многу мистерија и различни теории и сфаќања, едноставно не можеш да ја оставиш додека не ја прочиташ.

Филм – Можам слободно да се кажам како филмоманијак, но секако кога имам повеќе слободно време! Зависи од расположението, но најчесто преферирам да гледам мистерија, акција, криминал (нешто што ме тера да размислувам) или пак комедија. Филмови: The usual suspects, Warrior,The Shawshank Redemption, Amadeus, 12 Years a Slave, Lock, Stock and two Smoking Barrels

martin danchev 2

Изведувач – Една од клучните работи за да станеш успешен музичар, композитор или изведувач е да си наслушан музичар пред се! Ги имам многу, но еве неколку: Whitesnake, Jonny Lang, Richie Kotzen, Jamie Cullum, Supergroove Stevie Wonder, John Mayer, James Arthur, Michael Jackson…Обожавам блуз-рок, фанк, поп рок, особено блузот ! Тоа е музика од душа !!!

Музички албум – Имам 2 омилени албуми, тоа се Lie to me – Jonny Lang и албумот на James Arthur… Едниот е блуз, другиот поп рок, соул и Р&Б. Станува збор за квалитетна музика, препорачувам да се преслушаат.

#Коментари

Коментари

коментари