вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 7

ТРУДНА ШЕСТКА!

 Ја шишам  некња  живата ограда у двор задњи пут годинава пред да фати зимата, и доека сецкам со тоа маказите као дамски фризер, ете ја дотичната искача со тоа мобилниот у рука и замисли ми вика: Јави се на жица, брат ми  те тражи!”

Screenshot (20)

Која жица мори? Откоа почна сама да пружаш алишта уместо мајка ти, све жици ти се гледаат – си викам у себе док ги одложуем тоа ножиците, го зиам бежичниот и културно стапуем у контакт со братот на онаа со која, ај да не кажам како, претходно стапив у брак. И уше не сум го прашал шурата како иде, а он више почиње да ми кука дека ја сум му задња нада, јер малиот негов ако не го положи претстојеќиот испит, не фаќа услов, т.е. аутоматски губи година… или у превод кажано, го опиња по џеб со нови 500 еура за квадрирање. Го прашуем ја шо предмет и кај кој полага и откоа ми кажа, ја му викам ич да не се секира, и да рачуна дека работава е завршена, иако у старт ми беше јасно дека овој пут ќе морам да отступам од принципот: “Кај шо ќе пљукнам – не лижам”, пошто обично таквите као нејзе прво се лижат, па тек после се пљукаат, али шта ќеш! До душа, познавајќи ја дотичната професорска персона унапред знаев дека за шестка ќе биде малце трудно… Ама дека ќе биде до толку трудно, не замишљав ни у сну!

OKT1128

Нејсе, се  јавуем ја следниот ден кај другар ми Сале – “Шалтерот”, шо работи на студентски прашања на дадениот факултет и го прашуем како стои со спорната личност шо као нешто едуцира кадри у 21 век, коа он ми вика: Мало боље него ти Рамбопошто, колку шо ја знам ти едно време”…

Е, јебига, али тоа беше едно време. А,  од тогаш навака има пројдено више од 10 години како не сме у контакт. У меѓувреме она заврши, магистрираше, докторираше, стана асистент, па професор, со амбиции за декан па и даље, а ја се коцкав со животот со амбиции за “добар даље”… као у отворен покер! Само шо за разлика од неа, шо у  љубовта не успеа да состави ни еден пар, ја на тој план секоја друга вечер имав по два пара, а понекад  и каро дами!

Али се покажа дека  животот не е покер, него рулет, и тоа за мене у случајов руски, јер коло среќе се окреќе као буренце на колт, па кај да е, испадна дека еден ден ќе морам да и чукнам на врата. Додуша на службена, шо е многу боље него истото на времето да го напраев на нејзината домашна, али свеједно.

Man Men season 5 premiere

И не пројдоа ни пар секунди, коа од унутра слушам: “Даааа… повелете, влезете”.

Се фаќам ја за квака на тоа вратата од кабинетот, упаѓам унутра и коа ја видов, се стаписав. А, бога ми и она, иако у прв моменат можда и не ме позна. Првите 5 минути беше резервирана, одмерена и озбиљна, али со првите гутљаи на  вториот Џони Вокер, више почна да омекнуе … А ме знаеш ти мене… а начекам меко, одма почињам да притискам. И не пројде ни пола саат, а крајот на работава више се наѕираше. У ствари така ја мислев, коа оно покасно испадна дека било тек почетак.

И док се свестив, она више дубоко беше запловила у емоции и сеќања из прошлости, као брод што тоне… док ја бев дубоко загњурен  у нејзе! Као бебе у мајчини недра!

bossofitall

Брат, сум ја навалил на тоа катедрата меѓу индексите и пријавите и така сплотени, заедно тоневме еден у друг као Титаник, добри 45 минути. Ма какви! Цел час! Заедно сосве голем одмор! Само шо се покажа дека со неа, тоа мене не ми е ни прва, ни задња пловидба. До душа, детето положи со шестка без да се појавуе на испит, а ја нејзе “си ја рибав за десетка као бродска палуба” цел семестар, све доека не фатија одморите.

Screenshot (22)

И таман ја вратен од летовање,  два пути изљупен као Звечарка и поцрнет као Банту у тоа кожата, ја тражам у почетак на септември за нова ургенција, само овој пут за женската на копиљов од шурата, коа на мобилен е недостапна, а кај нејзе на директниот никој не дига слушалка. Идам ја на факултет на невидено со индексот од малава у џеб, букет ружи у едната и флаша шампањ у другата рука, чукам на врата и без да сачекам утрчуем у кабинетот, коа унутра затекнуем нова, мени непозната персона.

Screenshot (25)

И док културно се извинуем шо некултурно упаднав и прашуем кај е госпоицата професорка, а батево ме мерка од глаа до пети кроз теглите на тоа окалките и ми вика:

Ами, јас ја менвам професорката, оти колешката е ојдена на трудничко боловајне. Знајш господине како је, момичето имат  патолошка бременост”!

Мене одеднаш ме обли ладна пот, почна нешто да ме гуши, ми се пресекоа и руки и ноги и за малце шо не ми испопаѓаа тоа подароците. И док потсвесно почнав да размишљам да го прашам ли, да не знае до кај е со трудноќата, одма ми стана јасно дека ја не станав асистент због тоа шо  за такво нешто неам природни предиспозиции,  јер не дојдов да студирам од село у град качен на магаре у опинци и народна ношња, со торбиче на рамо и шупелка у појас. И док стојам така стаписан, талентов ме трга од мисли со ново потпрашање: Аааа, Вие све…?”

Screenshot (21)

Ние сне дојдени на повојница! Само изглеа…  малце сме пораниле”! – му викам ја  док му ги уручуем тоа букетот и шампањот и искачам назаечки кроз вратата на  кабинетот.

pregnant-woman

Абе, ја фино уше унапред знаев дека кај неа за шестка ќе биде малце трудно…  Али не до таа мера бе брат!

 

 

#Коментари