четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Едмонд Сотир: Ја обожавам уникатноста на „Пеперминт“

Актерот Едмонд Сотир ја даде својата лична препорака за Вистина.мк.

нанана

Книга – Canone Inverso на Паоло Мауресинг, издание на Табернакул.
Jа избрав Canone inverso бидејќи е книга која ако ја оставиш недочитана поради ненадејна природна катастрофа, ќе се вратиш, ќе ја пронајдеш и ќе ја дочиташ.

Ова книга освојува со виолината чија музика се слуша додека се чита книгата. Исполнета е со многу музика, војна, љубов и посветеност. Полна е со живот, а како читател живееш во неа до последна страница. Книга која не се заборава!

13557037

Филм – Сакам акциони филмови, очекувано од оние кои ме познаваат, но вистината е дека трилер е мојот жанр на филмови, па во ова пригода би го избрал „Headhunters“ филм  во режија на извонредниот  Morten Tyldum. Освен приказната која е една од подобрите што сум ги сретнал, ме привлече  актерската игра, која во овој европски филм е поразлична од холивудската на која сме навикнале.

headhunters

Изведувач – Омилена музика ми е она која ме тера да заборавам на моменталниот проблем што го имам, она која ме тера да запеам. Слушам секаква музика, рок, поп, класика, па дури и детски песни, но највртени цедиња во кола ми се оние со песни од Горан Пајак Трифуновски и Пеперминт.

Ми се допаѓа  уникатноста и оригинилноста која ја има Пеперминт, а која недостасуваше на македонската музичка сцена. Музика која дише во ист ритам со времето кое го живееме!

pepermint

Песна – Да изберам која било песна од Пеперминт, нема да згрешам. Пеперминт се непретенциозни, свои, слободни едноставни и најдобри!  Би ја издвоил „Твојот нос“ и топло им препорачувам на вашите читатели да ги слушнат, звучат забавно, звучат пеперминт! Затоа ми се допаѓаат.

#Коментари