сабота, 24 јуни 2017  |  Вести денес: 37

Заврши снимањето на филмот „Ослободувањето на Скопје“ во Битола

Екипата на филмот „Ослободувањето на Скопје“, на вчерашната прес конференција изрази голема благодарност за поддршката која им ја овозможи општината Битола при реализацијата на овој проект. Денес, снимањето на филмот  продолжува во Скопје.

Screenshot_1

– Беше супер. Во Битола бевме точно еден месец. Многу сме благодарни на Битола како град, на луѓето кои беа толку трпеливи и покажаа разбирање кон нас. Градоначалникот ни излезе во пресрет и се чувствувавме како да се наоѓаме на сред некое големо америчко студио. Исто така и времето одлично не послужи, така што изгледаше како некој од горе да го режира целиот филм. Од Битола продолжуваме во Скопје, изјави Раде Шербеџија, режисер на филмот.

Филмот „Ослободувањето на Скопје“ е прво режисерско остварување на Шербеџија, а истиот овозможува афирмација на исклучителните и единствени локации на Битола.

извор: Република.мк

#Коментари