вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 43

Андријана Јаневска: Обожавам бизарен хумор

Пејачката Андријана Јаневска ја даде својата лична препорака за Вистина.мк.

nana

Книга – Најмногу сакам руска литература и со особено задоволство ги читам Чехов, Гогољ, Достоевски, Толстој од т.н. Златен век на литературата, но сепак, ќе го издвојам авангардниот Данил Хармс и неговиот циклус раскази “Случки“.

Обожавам интелигентен, немилосрден, бизарен и до коска болен хумор.

Daniil_Harms_detail_1930

Филм – Најмногу сакам драма, но гледам и трилери, мистерии, историски филмови.

Еден од подобрите филмови кои сум ги гледала е 13 Conversations about one thing на Jill Sprecher, затоа што среќата е тема на секој разговор, среќата е лајт мотив во нашите животи.

199111.1020.A

Изведувач – Nat King Cole. Никој не може да остане рамнодушен на таков кадифен баритон, особено додека ја изведува “Smile” на генијалниот Чарли Чаплин.

nat_king_cole

Музички албум/ песна – Radiohead – OK computer и Exit music, затоа што максимално искрено ја опишува совршената љубов (ако постои).

radiohead-ok_computer-cover_1340618089_crop_550x550

#Коментари