четврток, 17 август 2017  |  Вести денес: 56

КОЛЕДЕ ДЕТЕ

Се излежаам некња дома таман разбуден и одмарам мозак од новогодишниот џумбус буљејќи у плафоњерката како млад мајмун у огледало, коа одеднаш ме распаметуе од ум ѕвонење на надворешња врата. Се обесил некој на звоно и ѕврца ли ѕврца, као животот да му зависи од тоа дали ќе му отворам. Станујем ја онака лагано целиот успорен и мрзовољно се влечам као пужав до врата. И уште не сум се ни фатил за квака, коа од другата страна слушам песна на дечји хор.

002

„Мајку му, да не почнале тоа копиљаците од Златно славејче да даваат приредби по куќи?!“ – си викам со умот  и отварам порта, коа у исто време едно 4-5 клинци почнујат да урлаат у хор: “Коледе-леде, паднало греде, утепало деде…“ Се вртам за 90 степена, џиткам поглед на тоа ганц новиот календар од годинава шо некња репрезентација ми го даде Коле – “Комуналец“ и шо да видам: Јебо те скроз сум изумил дека денес е Бадник!

Брцам по џебои да ископам некој ситниш и да им го тутнам у рука на клинчуранава за шо побрзо да прекинат да ја пејат тоа садистичката евергрин песна: “Утепало деде, не колете мене…“ , али ташак! Ситно ни за лек. Ми текна на брзина дека иам у гајбичето од тоа јабуките шо на старата за празниците и го прати стрина ми од Ресен, па зиам пар комада Златен Делишес, им ги бутам на децава у тоа кесите и им викам: “Ристос се роди“!

0

„Абе, вајстина се роди, али…“ – ми вика еден мал ко ќумур црн у тоа суратот, ме глеа безобразно прао у очи и почиња прво он, па затим и другите по него у глас да пејат:

„Бакшиш, бакшиш паричка, баба меси баничка, у баничка паричка… а у нас саде воќе и поврќе. Пууу, шо маало бевте?! 16 кеси дома однесовме, мајка ми утре може комотно пиљара да отвори. Лани со парите по еден пар ролерки си купивме, а годинава ни за у кино неаме! Дај шо си се стиснал, бар ти си фраер?! Не се прај пензионер, као овие, другиве!“

Го глеам копиљов онака под око, со една рука почнуем да го галам по тоа црната коса, доека со другата по втор пут дискретно праам рација по џебои да не случајно ми залутала уше по некоја железарија и покушаам да се сетам од кај ми се чини познато детево, па успут го прашуем: “Извини синко, а чиј беше ти“?

„Паааа… на мајка ми!“ – дрско ми одговара малиов и се смешка онака курнаски.

 

“На мајка ти, на мајка ти…„ – али на мајка ти таквооото, си викам  ја у себе и му поставуем допунско питање: „А, добро она има ли име“?

Screenshot_211-650x411

 

“Има! Гоца! Иначе ја викаат…“ – и уше не ми ни докажал, мене ноги ми се пресекоа и онака целиот стаписан почнав да си го враќам филмот, коа таа година на денешен ден отидов да го тражам малиот на сестра ми по куќи, јер уше од сабајлето беше забран со тоа маалските копиљаци да збира арач по населба за Коледе. И пошто претходно не го најдов у комшии преко пута, тргнав да го тражам позади куќа, у дворчето од каршија, кај шо у тоа време се досели новата комшика, иначе млада распуштеница шо седеше со ќеркичката под кирија у бараката кај Миле-Мисирот.

Screenshot_23-650x635

Ѕвонам ја на врата, коа отвара она, а ја шо да видам: Добро држеќа мамица, расчупана у тоа глааата као индијански поглавица, шатирана ред црно, ред бело као зебра, раскомотена у свилен розе пењуар од кој пола груден кош и вири надвор, а другата половина и се прекопира преку тоа свилата, јер тоа вимињата и набрекнале од тоа ладното, па и штрчат као на млад ѓаол рогчиња! Културно се преставуем и и објаснуем у шо е проблемот, а она ми вика ич да не се секирам. Децата само шо не дошле од блискиот колонијал у кој она ги пратила да и купат цигари, а успут и да го укрупнат тоа ситнишот шо дента го собрале на Коледе. Ме покани унутра и доека ги чекавме клинциве  онака уз лаф-муабет и кувано вино… бидна. Деца као деца, негде по пут се заиграле, а Бога ми и ние.  Се запивме и се… заебавме! Након тоа цела година секој втор ден за мене беше празник. У натура! И све така доека еден ден она не падна у криза и мораше да се исели. Од тогаш, очи не и видов со години.

Screenshot_22

Али затоа го глеам ја малиов у очи и го прашуем од кај он у наше маало, јер не го знам, а џивџанов ми вика дека дошол  со мајка му и сестра му на гости у комшилук у страо маало, кај шо они живееле  под кирија пред он да се роди, па успут…!

И не дочекав ни да ми дообјасни, брцам рука у тоа унутрашњиот џеб на вентијагата, зиам новчаникот, вадам 100 денара, му ги тутнуем у рука на копиљов и му викам:

stallone16x-1-web

“Абе дете, ич да не се секираш, не само шо ја знам мајка ти, него ептен добро се знам и со татко ти“!

А он, онака целиот подзинат со тоа новчаницата у рука збунето чудејќи се почна да ме прашуе, како може да го знам чоекот, коа мајка му цело време го убедуела дека татко му изненада умрел од срцев удар, доека она уше била трудна со него!?!

#Коментари