четврток, 24 август 2017  |  Вести денес: 14

Зошто џвакањето мастика е штетно

Во рекламите за гуми за џвакање нè убедуваат дека гумите за џвакање се особено корисни –  бидејќи го намалуваат ризикот од појава на кариес. Многу од нас, пак,  се навикнати да џвакаат мастика за да го освежат својот здив, за да се смират од стресот или за да го избегнат јадењето, бидејќи џвакањето сепак го “лаже” мозокот дека во организмот влегува некоја храна и така го смируваме гладот ​​за некое време.

Girl playing with gum

Но, мастиката за џвакање секогаш си има штетна страна и ние ќе ви покажеме зошто.

Мастиката за џвакање ве тера да јадете брза храна

Една студија покажа дека мастиката за џвакање нè тера да се нафрламе на нездрава храна. Тоа е затоа што стомакот прегладнува по подолго џвакање на гума за џвакање и вие во даден момент сте склони да се се смирите со нешто нездраво како сендвич од брз ресторан, помфрит или гиро, на пример, за да се затапе ненадејниот глад.

Чоколадните бонбони, десерти и вафли исто влегуваат тука.

Доведува до проблеми со зглобовите

Некои луѓе може да не знаат, но вилицата има два зглоба, преку кои се случува движењето на долната вилица. Какои во секој дел во човечкото тело, оние на вилицата исто трпат механичко триење.
Поради прекумерното џвакање на мастика бришењето на зглобовите на вилицата може да се случи премногу рано и да настане болка и неможност за нормално хранење и зборување.

Џвакањето може да предизвика гастроинтестинални проблеми

Кога џвакате мастика, вие сте склони да проголтувате многу воздух. Ова предизвикува болка и непријатност во стомакот и цревата. Можат да се појават болки, дијареја или гасови. Причинители на овие иритации можат да се и вештачките засладувачи во гумите за џвакање.

Ги расипува забите

Многу од гумите за џвакање содржат шеќери во големи количини. Јасно е дека тие ги расипуваат забите. Но, вештачките засладувачи се не помало зло. Тие се постојано послатки од шеќерот и можат да ги уништат не само забите, но и да предизвикаат проблеми со апсорпцијата на инсулин во крвта. А, тоа за возврат крие ризик од дијабетес.

Ослободува жива во организмот

Сѐ уште има луѓе кои имаат пломби од амалгам во устата. Мастиката за џвакање помага за ослободување на жива во организмот од овие амалгами. Така на организмот му доаѓа  жива, ослободена при џвакање на храна плус уште жива, ослободена поради мастиката за џвакање.

#Коментари