сабота, 29 април 2017  |  Вести денес: 10

Секс, фикус и Рок ен рол

Седам некња дома по тоа студот скриен као глушец у мишја рупа,  се греам со климата и топло чајче, шарам со даљинското по тоа програмите на телевизорот за да видам на кој канал е дерби утакмицата, коа оп, на вести на националката, глеам тоа цицкастите  спикерки кажујат дека дента било ден на борба против дрогата и остали опојни деривати. Демек у држаава имало шо ти ја знам колку хиљади регистрирани зависници, и уше два пути толку шо или регистрацијата им е истечена, или уше не стигнале да ги регистрираат, јер не можат да ги отераат на  „технички“, т.е. да ги укебаат на дело.

Screenshot (37)

Види, мене одамна ми е јасно дека ова копиљациве се килава генерација, и уместо да „дупат“ нешто конкретно, они или себе си се „бушат“ или све више „пушат“. А, како почнале да пушат, Бога ми, кој знае на шо ќе завршат!

lead_large

А фино ми текнуе у мое време шо здрав живот се водеше. Спорт физичка култура, извидници, феријалци, радни акции… Добро, јес да имаше и ондак изузетци, али малку.  Тек за да потврдат правило.

20ux5jt

Мајку му, се сеќам као денес: ОРА „Сутјеска 78“, ја и Кољо – „Келешот“ седиме навечер пред бараки со мешовито друштво из Бе & Ха, и доека Босанчеросиве цепаат пјесме  наше младости на гитара,  „Келешот“ им пушта бува  како у дворот позади мензата, уше у прва смена насадил марихуана, и пред да  си одиме, има намера да ја обере и да си ја носи дома.

Radne_akcije_1 (1)

Другиот ден цела бригада „Џемал Биједиќ“ из Босанске Крупе доби јавен укор и 4 прекоредно, јер куварките му се пожалиле на командантот дека со свои очи виделе како прошлата вечер поединци им го берат магдоносот позади кујна.

Добро, тачно е дека имаше и обратни случаи, као оној пут коа Хари – „Хашишот“  ја л’жеше мајка му дека тоа у саксиите на балкон е најнов хибрид  на нане шо го донел од море, коа кампуеше со шатор у хипи колонија на Пељешац. Шо тип на биљка е уствари, се испостави тек касније, коа оваа и дала пет – шест листа на комшиката Паца-„Пачата“, жена му на Пеце – „Пендрекот“, уличен орган у четврта милициска на Битпазар, за да му свари чај, јер чоекот имал тегоби у желудник због слаба пробава.

trava-balkon

Откоа доби тешко тровање и на токсикологија едвај го куртулија, мораше под хитно да го пензионираат, јер после тоа, а поминеше на реон поред тоа чајиџилниците у Стара чаршија, одма добијаше нервен слом, со копање у желудец и изразен нагон за повраќање.

Screenshot (2)

Есента „Хашишот“ го испратија у војска, а ја и „Келешот“ останавме да му ја чуваме изабраницата на неговото срце, Бетка – „Осмолетка“, битолчанка на привремени студии у главниот град.

src.adapt.960.high.1392411391633

И пошто немаше кој да ја снабдуе со „роба“, „Келешот“ сецкаше листои од фикусот на мајка му, шо се беше исушил, јер дур негоите беа на одмор, он скроз забораил на работната обавеза – да ги полива цвеќињата, и на „Осмолетка“ и виткаше качак у хартија шо ја здипли од табакерата на дедо му.

stonerdays-sexy-gifs-10

Пошто така скупо набавената пљуга од Холандија сиротата немаше со шо да ја плати, идевме на варијанта: „пребивање со компензација“… кај нејзе у станче, позади осмолетката у Мичурин.

stonerdays-sexy-gifs-16

И доека уз „Ај кен гет ноу – Сетисфекшн“,  „Келешот“ и дозволуеше да „пуши“, али само од негова рука, ја едвај  постигнуев  сегде „да ја задихтуем“… За случајно да не „прочури“ од кај шо не треба!

Screenshot (1)

А, шта чеш друже мој!? Тоа беа времиња! Секс, фикус и рок ен рол! Да знае „Хашишот“ и ден денес би ни бил захвален, јер у она време на оваа неговава денешња супруга сме и напраиле дупла уштеда: ем на здравје, ем на пари!

 

#Коментари