сабота, 21 јануари 2017  |  Вести денес: 5

Марадона во трка за претседател на ФИФА

Поранешниот најдобар фудбалер на светот и легенда на аргентинскиот фудбал Армандо Диего Марадона денеска изјави дека ќе се кандидира за претседателското место на ФИФА.

maradonafifaa

Одлуката да учествува во трката за прв човек на Меѓународната фудбалска федерација Марадона му ја соопштил на уругвајскиот новинар и писател Уго Моралес.

– Тој ми кажа дека ќе влезе во трката за прв човек на ФИФА и ме овласти да ја информирам јавноста, напиша Моралес на Твитер.

54-годишниот Марадона долго време го критикуваше досегашното раководство на ФИФА на чело со Сеп Блатер кој си поднесе оставка по корупцискиот скандал.

Поддршка за кандидатурата на Марадона даде претседателот на Венецуела, Николас Мадуро кој уште минатиот месец изјави дека Марадона е одлично решение за нов претседател на ФИФА.

Кандидатура за претседател на ФИФА неодамна најави и бразилската фудбалска легенда Зико.

За да учествуваат во гласањето за претседател на ФИФА кандидатите треба да обезбедат поддршка од најмалку пет држави.

#Коментари

Коментари

коментари