вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 7

Ѓоковиќ на Свети Стефан: Новак и Јелена уживаат, Стефан обожава вода (ФОТО)

Синот на најдобриот тенисер на светот ужива на плажа на Црногорското приморје.

642548_novak-djokovic160715ras-foto-zoran-ilic-18_f

А за тоа е заслужен Новак Ѓоковиќ кој е навистина расположен на првото летување на малиот Стефан.

Ноле цело време го смее наследникот и си игра со него. Тој е грижлив родител, а Стефан обожава вода. Најпрво само си ги намокри нозете, а кога Новак го охрабри, не сакал да излезе од вода, рекол изворот.

Ниту Јелена не ја симнува насмевката, среќна е поради блискоста на двата најважни мажи во нејзиниот живот. Кога таа и Ноле сакаат да пливаат далеку од обалата, на помош доаѓаат дадилките.

642547_novak-djokovic160715ras-foto-zoran-ilic-161_f

Ѓоковиќ се одлучиле за одмор на Свети Стефан, каде што минатата година се заколнале на вечна љубов. Тие ручале нколку пати во ресторанот каде што се венчале, а јаделе само салата и чорба.

642545_novak-djokovic160715ras-foto-zoran-ilic-131_f

Нивниот комплетен ручек не чини повеќе од 30 евра. Најчесто се одлучуваат за ладна чорба од диња со лаванда и риба, со чаша бело вино, рекол изворот за еден српски магазин и додал:

Најважно им е да не се шират информации за нивното движење. Кога среќните обожаватели сакаат да се фотографираат со Новак, тој со задоволство им излегува во пресрет. Поради тоа тој го има епитетот омилениот гостин во секој дел од црногорското крајбрежје.

#Коментари
[fbcomments]