четврток, 24 август 2017  |  Вести денес: 13

Телефонска романса

Лежам некња така приквечер на каучот у комбинована и вртам по тоа радиото  за да ја фатам тоа новата национална станица на У – Ка – Ве  таласи, коа изненада ѕвони фиксниот, шо кај нас дома е природна реткост. Дигам слушалица и с друге стране   слуашам  нежен женски глас, како заводљиво приупиткуе: АлоМиле, ти ли сиНе душо, имаш грешка!– и викам, и спуштам. И уше не сум напраил ни два корака назад према мојот најверен четвороножен пријател – каучот, коа опет ме распаметуе ѕвонењето на тоа безжичниот Панасоник, шо пред Нова година, го добив за нула денари у 24 доверба за нов договор со  тоа телекомот. Дигам опет, коа истиот глас, поново прашуе: Ало? Абе Милене се  праи  таков, нема смисла, шо ми спушташ? Пати го познав гласот!

Screenshot_9

На оваа, или и диши ѕиваната, или е тоталка удрена у крило, си викам со умот, и таман поново да спуштам, коа… Абе, злато, знам дека идната субота  ќе се вериш, али веруј  ми, не можев да издржам да не ти се јавам. Молим те, мора  да  се видиме вечерва, важи?   Ако не прифатам, оваа има да ме гуши до сабајле, си викам! А и онака вечерта бев бадијалџија, јер немав шо да праам, па шо не би си праел курташак!? Јер види бе брат, не сум толку неозбиљен, животот да го сфаќам озбиљно, коа и онака, истиот е краток за егзибиции!

Абе, мацо ти ли си? Ја па, си мислев некој решил да ме дупчи, па се праам мутав, као не те познав. – го прашуем цуцлево након третиот позив. Ја сум бе златоЖаки е на телефонЌе цркнам, ако не те видам уше еднаш!  И не требаше да пројадат ни пар секунди за да и закажам судар. А, тоа шо ни ја знам, ни ја познаам… мање важно. ќе се упознаеме!

stallone-non-bear-2-thumb-420x345-468

Седам ја така за шанк, окренут со леѓа према улазна врата  у договорено време у кафич на зборно место, глеам на саат, ги густирам тоа Џонито и киселата вода  шо мало пре ги поручив и чекам као снајпериста у заседа!  И не џапнав ни два гутљаја, коа у огледалото од каршија, глеам у локалов упаѓа една риба, дотерана по задња кинеска мода  мода од Еуроазија, со пар пластични шноли у коса, џиш црвен кармин на муцка, у хенд меид ципели бај чевлар Гари со 15 сантима топук од напред и штикла за по кал отпозади! Го соблака тоа чојеното капутчето маде ин Еко шопинг, избацуе мрежасата хулахопка фром Зелено пазарче, кариран минич и шарено блузиче – Јунајтед колорс оф Шутекс, се развртуе низ кафичов и седнуе на прва маса, преку пута мене.

Screenshot_6

Проаѓаат бе брат, 10, 20 минута, пола саат… Ја ја докрајчуем третата пијачка и снимам ситуација у ретровизор, а рибава љута као рис, и даље го лиже тоа густиот од праска шо го наручи уше прееска  и гребе по маса од нервоза. Ондак батко ти му бута стотка бакшиш на конобаров, му поручуем да и однесе уште едно сокче од мене и да ја праша дали е слободно да и се придружам. Малиов за трен ока завршуе работа, а ја у следеќи тренутак и ловам поглед у огледало,  праам окрет за 180 степена, ја загледуем малце у сифони малце у прекрстен батак, уз широк осмех и наздравуем и сместа тргнуем према нејзин астал у атак на батак! Седнуем и одма почнуем да и кукам како една пријатељица ме извисила, а глеам дека и она чека некого, па ако не е проблем…

Нема везе – ми вика. Ја, сум Жаки, а тиРамбо ме викаат по надимак, а иначе право име ми е  И уше не сум докажал, коа цуцлава ми поставуе допунско питање, со шо се бавам у живот. Откоа и кажав дека работам нешо по новиниве и у еден портал у градов, ме заглеа онака сумњичаво и ми вика: Ааааа, у  новинарница значи работиш? А, кај која порта у градов  рече си? Кај Порта Влае, Порта Буњаковец или Порта Македонија? Да знам, друг пат коа ќе поминуем да ти напраам промет у новинарницата

medium_17a35ce6e6dc5f8a0c4d3acb0934c956-600x300

Ја глеам ја и у трен ока капирам дека оваа има мозок као аспирин: ем толку голем, е само со една црта у средина, и сместа и реплицирам:  Абе, сеа сум на замена у новата трафика у Маџари и одговарам и уедно ја прашуем, она у Синѓелиќ ли живее? А, рибава се смее и се чуди од кај  погодив!?  Се  глеа  од  одма – си викам у себе, а нејзе и вржуем машња дека иам братучетка таму, па ми се учинило, као еднаш  да сум ја видел како чека на задња 45-ка!

 Него, мојава ја нема шо ја нема, а Бога ми и твојов, па ако немаш нишо против, да идеме на  по едно кафе негде, па после ќе те џитнам до  дома!   И ја џитнав. Али у пола 2  по полноќ, право кај мене, на истиот оној кауч од кој претходно ме стана у пола 8. Прво и сварив кафе, а знаеш како е!? Уз кафе, иде и “мафе“. И тоа турбо третман, со пуш паузи на секој пола саат… И све така до 4 сабајле, коа сакав да ја џитнам и до дома, ама коа ми текна кај живее, а ја неам извадено зелен картон,  ја качив у радио такси  и правац дома – у  с.Синѓелиќ. Пардон – у населба Ченто! На задња 45-ка према путот за Стајковци!

 

Screenshot_10

Него, другиот ден  стануем околу 11 сабајле, и ја глеам мајка ми забезекната, како стои со телефонот у рука. Ми ја даа слушалката, коа таму: Ало, Миле, мајмунефала злато, шо ме извиси синоќа. Али, боље шо ме  заеба. Бар со тебезнам на шо сум. Али затоа, ти немаш  појмаја  вчера на шо бев! Знаеш на шо? На, тоа шо тебе ти служи само за мочање!

Screenshot_7

И доека не можев више да издржам да не се превртам  од смеење, и ја враќам слушалката на мајка ми, а она озбиљно прашуе: Ало? А  кој  број  другарке Вие баратеДа, тој е бројот, ама овде нема никаков Миле. Ние овој  број  го добивме  пред  2 месеци, откоа  фиксниот ни го пребација на дигиталната кабловска у пакет со све интернет!stock-footage-old-retired-woman-talking-on-telephone-communication-technology-conversation

#Коментари