среда, 20 септември 2017  |  Вести денес: 74

Коста Петров: „Гледањето филмови ми е како медитација“

Писателот и колумнист Коста Петров ја даде својата лична препорака за Вистина.мк.

kosta-petrov11

Книга – Најчесто читам историски книги и биографии. Последна книга што ја прочитав и ми остави огромен впечаток е „Спасувањето на Царските Палати“ (Saving The Tsar’s Palace) од Кристофер Морган и Ирина Орлова. Прекрасна книга во која се опишани напорите на руските историчари во спасувањето на руските палати за време на втората светска војна.

Инаку редовно ги читам и книгите на Јехуда Берг, а негова најомилена книга ми е „Моќ за да промените се“ (The Power To Change Everything) која ја препорачувам на сите оние кои работат на остварување на своите соништа.

2094

Филм – Гледањето на филмови ми е како медитација. Последен добар филм што го гледав е „Батлерот“ (The Butler) со Forest Whitaker и Oprah Winfrey. Оваа година многу добар впечаток ми остави и „Гравитација“ (Gravity) со Sandra Bullock и George Clooney. Редовно ја гледам и ТВ серијата Американска хорор приказна (American Horror Story) со феноменалната Jessica Lange.

Gravity-1

Изведувач – Дефинитивно Роби Вилијамс кој навистина позитивно ме изненади со неговиот нов албум „Swing Both Ways“. Феноменален изведувач кој никогаш нема да ве разочара со неговите песни. Човекот можеби нема најдобар глас, но е неверојатен шоумен на кој можат да му завидат многу изведувачи.

Од македонските изведувачи на врвот на листата ми е Тамара Тодевска која има вонсериски глас. Искрено се надевам дека и светот ќе чуе за неа бидејќи жално ќе биде таков талент да не блесне на светската музичка сцена.

APS_7144-650x430

Музички албум/ песна – „Swing both ways“ од Robbie Williams ми е најомилен албум во моментов. Од него би ја издвоил феноменалнта „Go Gentle“ која ме погодува право во срце кога и да ја слушнам. Татковците кои имаат ќерки ќе ме разберат зошто.

maxresdefault

#Коментари