сабота, 29 април 2017  |  Вести денес: 8

Драган Таневски – „Soldier of fortune“, Дип Парпл

2588

Мојата прва плоча. Првите емоции поврзани со текстот и мелодијата на оваа сега веќе легендарна композиција ми се малку вонземски. Песната ме прегази на прва.
Растевме со Бјело Дугме, Рибља чорба, Здравко Чолиќ… ама ова парче направи длабока и непремостива провалија помеѓу светската и тогашната наша музика. Со околу 10-тина години возраст и главна преокупација – пајкански шкрипки со моето тегет пони, да успееш да сфатиш такво нешто, не е мала работа… И мојата прва гитара како сама да сакаше да го свири интрото и акордите.

Потоа си дојдоа неизбежните „Stairways to heaven” од Лед Цепелин… и лавината на рокенролот ме однесе во овие води кај што сум до ден-денес. Многу невиност и емотивен набој се крие во тие акорди. Измешани со мирисите на касното детство и раната адолесценција кога се заљубуваш 200 пати во секунда. Поубаво и подлабоко се сакаше со Дип Парпл… Немаше маица, фармерки, тетратки кои не ни беа испишани и исцртани со имињата на бендовите или делчиња од стиховите на песните. Се чувствуваме некако возрасни. Мислевме дека знаеме се… – вели Драган Таневски, писател, текстописец и сонувач…

 

#Коментари