сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 31

„Петтото годишно време“ од Сашо Димоски се појави во предпродажба

36456354

„Шокантно емоционално, болно до границите на болката, искрено до границите на вистината.“ – ова се првите реакции за романот „Петтото годишно време“ од Сашо Димоски кој е во предпродажба во издавачката куќа „Култура“.

Овој роман е мост меѓу моето досегашно творештво и она што следи, лично патување низ секое време и простор, интимна приказна која е сечија и во која секој може да најде дел од себе – вели авторот Димоски.

12168180_1006369906051687_1536502321_n

После извонредниот успех со „Дневникот на Хулиганот“ и „Алма Малер“, ова е трет роман на Димоски, чија официјалната промоција се очекува до крајот на годинава.

#Коментари