среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 76

600 учесници трчаа на ноќната трка „Низ улиците на Скопје“

По повод 13 Ноември- Денот на ослободување на Град Скопје, вчеравечер, со учество на 600 натпреварувачи, се реализираше  традиционалната ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“. Организатор е Атлетската федерација на Македонија, покровител е Град Скопје, а градоначалникот Коце Трајановски го означи стартот на шестата по ред ноќна атлетска трка.

1115000index

Натпреварот, кој е вметнат во Календарот на АФМ, ЕАА, се организираше во 4 категории, машка и женска трка за средношколци на 1.200 метри и главна трка за сениори во машка и во женска конкуренција на 4.800 метри.

Павел Јанковски од СУГС „Никола Карев“, Павле Јовановски од СУГС „Владо Тасевски“ и Виктор Андоновиќ од СУГС „Раде Јовчевски –Корчагин“, се најдобрите тројца атлетичари во дисциплината на 1 200 метри за ученици-рекреативци, додека во конкуренција на ученички-рекреативки најдобри три на вчерашната трка беа Рената Соколовска од СУГС „Георги Димитров“, Вера Урдаревска од ДУФК „М.М. Брицо“ и  Марија Кузевска од СУГС „Орце Николов“.

Првото место во категоријата  атлетичари на 4 800 метри го освои  Милош Ранчиќ од АК „Скок“, второто  Кокан Ајановски од  АК „Работнички“, а трет на финишот стигна Дарио Ивановски од  АК „Работнички“, додека пак во трката на 4 800 метри  за атлетичарки првите три награди отидоа во рацете на Росица Костова од  АК „Делта“,  Марија Стојановска од АК „Делта“ и  Весна Кираџиева од АК „Индуранс“.

Наградниот фонд за најдобрите на ноќната атлетска трка „Низ улиците на Скопје“ изнесува 30.000 денари, а Град Скопје оваа манифестација ја финансира со 60.000 денари.

#Коментари