сабота, 24 јуни 2017  |  Вести денес: 36

Поетесата Марина Мијаковска: „Го обожавам несекојдневниот вокал на Лана Дел Реј“

Oваа македонска поетеса во 2013 година го доби значајното признание „Караманов“, а деновиве за својата трета стихозбирка „Психоаналитичка алхемија на страсти“, ја освои и наградата „Македонска книжевна авангарда“. Марина Мијаковска ја даде својата лична препорака за Вистина.мк.

1616588_10201843882991206_1075186660_n

Книга – Јас сум уметничка душа која има љубов кон пишаниот збор и конгломератот од книжевни светови. Како магистер по филолошки науки и писател, постојано сум во дијалог и комуникација со книжевните жанрови и литературата (домашната и странската).

Во моментов читам напоредно неколку книги: ,,Дневникот на Ана Франк’’, ,,Ден и Ноќ‘’ од Вирџинија Вулф и романот ,,Парада на марионетките’’ од македонскиот автор под псевдоним познат како Евгениј Хоуп.

Книга, којашто би сакала да ја препорачам на македонските читатели е ,,Резервен живот’’ од Лидија Димковска. Овој роман е одлично четиво кое секој читател би требало да го прочита, затоа што никој од нас нема живот во резерва.Лидија Димковска и со овој втор роман покажува дека создава квалитетно писмо во ранг на светските автори. Таа е наша и светска! Неизмерно го почитувам целото творештво на оваа голема авторка.

BAC3C09E-E8C4-4C93-A601-EAE59A9EBAB9_mw1024_n_s

Филм – Од филмовите најмногу ми се допаѓа жанрот драма. Би го издвоила како предлог – филм, македонскиот филм ,,Соба со пијано’’ во режија на режисерот Игор Иванов – Изи. Многу ги сакам македонските филмови и секогаш кога има нов филм редовно и со задоволство го гледам во кино салите. Филмот ми се допадна затоа што опфаќа една тема од животот на старото Скопје, меѓутоа, низ фонот на старото постои преплетување на нестереотипни животни ситуации и љубовни приказни кои истовремено се присутни овде и сега, во денешното урбано скопско секојдневие.

soba-za-pijano1

Изведувач – Како омилена изведувачка од странската естрада, би ја издвоила девојката Lana del Rey. Уште со првиот сингл од нејзиниот албум ,,Born to dye’’,го забележав овој редок и впечатлив вокал. Тоа што ме воодушевува кај оваа пејачка, е начинот на кој ги изведува песните, нејзиниот моќен, необичен и несекојдневен мек вокал, комплетниот и природниот ретро изглед итн. Најмногу ми се допаѓа тоа што таа e уникатна и се издвојува од целата странска естрада со нејзината нестереотипност за музичка ѕвезда. Гради посебен белег во музиката, и е амалгам на некои ретро и актуелни музички стилови. Како најомилени песни од оваа изведувчка ми се: Young and beautiful и Summertime sadness .

Од македонската естрада, како најдобра изведувачка би ја издвоила Каролина Гочева. Има моќен вокал, изведба и квалитетни музички текстови. Ми се допаѓа тоа што прави песни кои се во дослух и во братска прегратка со македонската фолклорна традиција. Посебно ми се допаѓаат нејзините најнови синглови: Две лири и Чалгиска од новиот албум ,,Македонско девојче 2’’.

Born-To-Die-cover

Музички албум/ песна – Немам еден омилен албум и една омилена песна. Би ги издвоила сите албуми на австралиските рок легенди  INXS.

Доколку морам да издвојам еден албум, би го издвоила албумот Kick објавен 1987 г. во Сиднеј. Како омилена песна од нив би ја издвоила песната Never tear us apart.  Омилени стихови од оваа песна ми се следниве:

I was standing

You were there

Two worlds collided

And they could never tear us apart

We could live for a thousand years

But if I hurt you

I’d make wine from your tears

Емоциите што ме врзуваат со црвена панделка за овој албум и песна, е тоа што минатото лето успеав да го посетам градот Сиднеј од каде што потекнуваат овие рок легенди. Од магичната Австралија успеав да си ги купам во оригинал сите албуми од овој уникатен бенд. Сега со задоволство уживам во целата нивна дискографија.

Inxs-Kick-Fixed

#Коментари