сабота, 21 јануари 2017  |  Вести денес: 9

Други фебруар

Stallone-Kickstarter

Седиме у неделата така дома  кај  Дуле – Дурбинот, пиеме прво јутарње кафе  и дискутираме кој кај ќе иде  зимава на скијање, коа едно време му паѓа у око  календарот со голи цуци шо му виси на тоа ѕидот у трпезарија и глеам празник. Јебо те, други фебруар – дан младича! И доека така замислен си викам фала Богу шо кај нас у фамилија денов никој не го празнуе, ете го  стануе син му на Дурбинот од спиење.  И као свако васпитано дете, прво културно не поздравуе, а након тоа, правац у нужник. И доека он обавља прва јутарња физиологија, позната као мала нужда, ја му сигнализирам на Дурбинот дека малиов ми се виде нешто збумбарен  и модар у тоа суратот. Пљуштат млазеви вода од казанчето у тоа кенефот, а Дурбинот више чучи испред врата на ве – це – то и го чека копиљов да истрча, за на дело да се увери у мојата констатација. И откоа стварно утврди дека е плав у фацата као уместо со пешкир, да бришел лице со индиго, го седнуеме ние малиов на маса и го прашуеме у која тоа кафана синоќа му ја потекле муцката као на млад булдог, а он категорично тврди дека не е у посреди ни кафана, ни туча, него несреќен случај  при бркање пазачи.

Screenshot_13

Наиме, пошто дома немал услови за интимно дружење со лепши пол, морал дотичната да ја носи на паркингот на средно Водно, за наводно одозгора да и го покаже…  Скопје, пошто она е од Каменица, а успут, да ужива у сите нејзини дражи уз  ноќна панорама на метрополата. И као шо тврдеше копиљов, доека она со двете руки нежно го галела по “главата“, уше една глава, али туѓа, и се приљубила на шофершајбна. А, као шо е општо познато, грото од жените, а им се појави непозната глава у видоглед, одма се узбудујат и почињаат да вриштат. Копиљов након пар секунди укапирал шо е у посреди и онака со спуштени пантолони истрчал од кола да го брка пазачов. Овој за трен ока као попарен му ја збришал у тоа шумата, а детево така трчајќи се спрепнало од тоа смкнатите гаќи испод колена  и  почнало со муцката да го рине тоа асфалтот.

Screenshot_15

И доека ја и Дурбинот го тешиме дека нишо не е страшно, јер ние сме имале и многу потешки случаи у историја, мене одма ми текнуе на она време, коа истата локација ја посетуев со  Лиле – Лингурот. Сиротата се омужи у богата фамилија за злато, парички и некретнини, и све и беше погодено освен… супругот! Јер, као шо и самата тврдеше, а навечер дојде време за оне ствари, него одма или му се спие, или не му е добро или не може јер глеа многу интересен филм. Две години поминаа у брак, а он  замисли, уше ја немаше ни за цицка на голо фатено!

9_985

И пошто некој мораше да и ги слуша муките… кој друг да ја теши ако не ја, као куќни  пријатељ  на  фамилијата и тип кој    100 % гарантира дискреција. Па не за џабе се вика: Пријателот  у невоља се познаа!  Ја носам ја така пар пути у брачно саветовалиште звано “љунфер брдо, коа еднаш,  памтам баш на ден денешен беше, таман спуштивме седишта, позади нас се паркира друга кола. Ѕирка она случајно у ретровизор и жива успаничена ми тврди дека ја препознала службената “мечка“ на муж и, а Бога ми и него у нутра. Ги закопча набрзинка тоа подвезиците, го углаи брусхалтерот на почетна позиција и целата љута почна да мрчи како тек сеа све и е јасно, зашто уствари он бега од неа, као ѓаол од крст! Отвори врата и со брзи кораци се упути за да го фати жив на дело со швалерката, коа…

8989

Откоа уште другиот ден она се откажа од него преку новини и без да ги признае сите трошкови на свое име  набрзинка му поднесе  развод, цел град пола година бруеше  како Лингурот жив го фатила муж и на “честитање празник“ на Водно, со неговиот заменик, у фирмата кај шо он беше директор.  Од тогаш, она престана да иде на паркинг излети на средно Водно, прекина да ги слуша Фреди Меркјури, Џорџ Мајкл, Рики Мартин и Елтон Џон  престана да глеа филмои со Рок Хадсон и емисии со Боки 13-ка…

tumblr_m95zmhf0dl1qaak3fo1_500

Ееееее, али затоа и ден денес  не пропушта “Бекстејџ“ на прва со Миа, у Х-фактор навија за Фифи, ја обожава Мартина Навратилова,  чита поезија од Сафо и секоја година летуе со “другарка и“ на Лезбос!

GayTest5

#Коментари

Коментари

коментари