сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 0

Софија Манева: „Гледам само трилери и драми“

Пејачката Софија Манева ја даде својата лична препорака за Вистина.мк.

1781643_702524226458870_1294609625_n

Книга – Книгата „Никаде без ќерка ми“ од Бети Махмуди и Вилијам Хофер ја обожавам.

Плачев додека ја читав затоа што е опишан тешкиот живот на една Американка која е во брак со муслиман од Иран и трагедиите низ кои таа поминува бидејќи е жртва на една поинаква религија од нејзината. Книгата е вистинска приказна.

not-without-my-daughter

Филм – Гледам само трилери и драми. Сакам нешто што многу емотивно ќе ме погоди затоа ги гледам љубовните драми, а со трилерите се соживувам вистински. „Prisoners и „The call“ се последни такви филмови кои сум ги гледала.

CALL_THE_2013_MLF-WW-artwork

Изведувач – Ја обожавам Лана Дел Реј. Ми се допаѓа се кај неа.

lana-del-rey1

Музички албум/ песна – Мојот албум „Тишина“ е најубавиот на цел свет. Се шегувам, но навистина албумот испадна токму таков каков што сакав и мислам дека токму такво освежување им беше потребно на луѓето кои слушаат македонска музика. На албумот секоја песна е различна и во различен стил на музика.

1616222_702524249792201_558810394_n

#Коментари