четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Песната „Не кани ме“ е приказна за забранета љубов во семејни релации!?

Screenshot_14

Баладата „Не кани ме“, која во една пригода беше прогласена за фолк-хит на деценијата, е дело на композиторот Орце Лазаров, но зад истата се крие вистинска љубовна приказна. Како што пишув Дневник, песната е направена за семејни релации.

maxresdefault

„Музичката линија се роди пред осумнаесет години. Ја создадов од срце, искрено и без претензии дека мора да биде хит. Во тој период се случи несреќата со Владимир Нејашмиќ-Бато, текстописец и композитор и комплетно заборавив на песната, која сè уште немаше текст.  Миле Kузмановски сакаше да земе моја композиција“ – раскажува Лазаров за Дневник.

A88B49C995CC454E9D28797C1ECF54D4

Авторот на стиховите за „Не кани ме“, Борче Нечовски  пак, не сака да открива детали за песната, но кажува дека темата е чувствителна и дека во прашање се семејни релации, а доколку се откријат, тоа може да им наштети на одредени луѓе. Едно е сигурно, каква приказна и да крие песната, дефинитивно е прекрасна.

#Коментари