недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 38

Човечко уво израснато на глушец

Научници од University of Tokyo и Kyoto University успешно израснале човечко уво од грб на глушец, користејќи матични клетки

Со досегашните практики, за земање на матични клетки била потребна операција со која се земаат делови од ребро – новата техника бара само мала доза на клетки како почетен материјал, за што не е потребна никаква инвазивна операција.

Тимот индуцирал плурипотентни матични клетки да израснат во рскавица од уво, која потоа била ставена во еден вид на „биолошки калап“ во форма на уво. Овој калап потоа бил имплантиран под кожата на жив глушец, каде што бил оставен да расте околу два месеци. За тоа време, калапот кој му давал форма на увото самиот се разложил, со што научниците добиле „созреано„ човечко уво.

На овој начин би било можно да се креираат разни делови од тело, како на пример душник. Овие делови, бидејќи се живи, доколку на пример се вградат кај пациент-дете, тие ќе продолжат да се развиваат како детето расте. Оваа технологија потенцијално може да се користи за репарирање на лица на пациенти кои се родени со деформитети, или пак лицата им се деформирани во несреќи.

Ова не е прв пат да се користат глувци за растење на човечки органи – нешто слично имаат пробувано научници од Massachusetts General Hospital во 2013-та, користејќи говедски колаген и клетки од овца. Била користена и титаниумска жица со која бил дизајниран калапот во форма на човечко уво.

Научниците кој стојат зад овој експеримент се надеваат дека ќе можат да почнат клинички тестови за околу 5 години.

Извор: Идивиди

#Коментари