сабота, 29 април 2017  |  Вести денес: 6

„Македонско девојче“, песна полна љубов

45675756

Песната по која најчесто не препознаваат е „Македонско девојче”.

Речиси и да не постои човек кој не ја знае. Таа е најпеаната песна од Македонија на сите времиња, како во земјава, така и надвор од неа. Препеана на најмалку 10 светски јазици. „Македонско девојче” се пее и на седенки и на свадби, но и на спортски настани, секаде каде царува убавиот македонски дух.

Малкумина ја знаат приказната за раѓањето на „Македонското девојче”.

„Татко“ на оваа прекрасна македонска песна е бардот Јонче Христовски. Тој бил чест гостин во семејството на Виолета Томовска, со која и самиот соработувал. На една од тие средби, кога ќерката на Виолета – Невенка, го славела својот роденден, во 1964 година, настанала токму оваа песна, тогаш за прв пат изведена тогаш од Томовска и Кирил Манчевски.

Ете тоа македонско девојче, Невенка Томовска Росоманова, денес слави 50 години.

Велат, кога со љубов и за љубов се создаваат дела, тие се запишуваат во вечноста. И токму во име на љубовта, нејзиниот сопруг, Зоран Росоманов го подготви најнеочекуваното роденденско изненадување. Тој направи реиздание на „Македонско девојче” изведено во несекојдневен стил. Создадено за истата личност, да потсетува на специјалните моменти, со вонвременски печат. Под велот на мистиката, а под закрила на љубовта, Росоманов го собра фантастичниот тим, кој со емоции ја поддржа целата идеја.

Денес, 4 февруари на јубилејниот роденден на македонското девојче –  Невенче, сите имаме убава прилика да уживаме во посебната прилика и заедно да ја слушнеме премиерната изведба на песната.

Ова е само потврда, дека љубовта и желбата, ако се ваш мотив да ги правите луѓето среќни, се ќе стане возможно и остварливо.

Невенка е навистина среќна жена, а и сите ние со неа. Затоа, благодарение на Росоманов, ќе уживаме во „Македонско девојче” уште најмалку 50 години.

 

Македонско девојче

Македонско девојче,
китка шарена,
во градина набрана
дар подарена,

Дали има н’ овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.

Нема ѕвезди полични
од твојте очи,
да се ноќе на небо,
ден ќе раздени.

Дали има н’ овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.

Кога коси расплети
како коприна
лична е, и полична,
од самовила.

Дали има н’ овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.

Кога песна запее
славеј натпее,
кога оро заигра
срце разигра.

Дали има н’ овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.

 

 

#Коментари