среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Ване Маркоски: Роби Вилијамс е уникатен и единствен фраер

Новинарот Ване Маркоски за читателите на Вистина.мк ја даде неговата лична препорака:

1044717_10200812500786667_1754543000_n

Книга и автор: „Темниот цвет“ е роман-триптих од Џон Голсворди, познат англиски писател чии што три дела ги обединува ликот Марк Ленан, во кои низ три независни љубовни приказни го следиме неговиот развој од младешкиот до зрелиот период од животот. Се случува несекојдневна љубовна приказна помеѓу млад студент и сопруга на неговиот професор.Ја препорачувам, бидејќи ги опишува заплетканите патишта на љубовните чувства, без разлика на годините.

ED-205-lge

Наслов на филм и жанр: „Love and other drugs“, прекрасна драма. Гледате жена која и покрај болеста со која се соочува, си го живее храбро својот живот. Не се откажувај од ништо во животот, и покрај сите препреки и неубави нешта кои тој ги носи. Прекрасна животна поука во еден филм.

love-and-other-drugs-quad-uk

Име на музички албум: Robby Williams: „Swings Both Ways“. Овој албум е селекција на стари класик нумери. Нешто прекрасно за слушање.

SBWDeluxe_Web

Име на изведувач: Robby Williams затоа што е уникатен и единствен фраер. Секогаш енергичен на сцена.

#Коментари