сабота, 25 февруари 2017  |  Вести денес: 0

Извајано тело и спортски дух: Овој атрактивен скопјанец ќе ве мотивира и вас! (фото)

гфгфгф

Има 30 години, а вели дека се чувствува многу помладо и поенергично како резултат на неговиот начин на живот. Марјан Јованоски од Скопје е вљубеник во спортот и активниот начин на живот. Тој едноставно не пропушта пригода за трчање на кеј, планинарење или играње фудбал, а како резултат на тоа може да се пофали со извајано тело.

Како што велат „Во здраво тело, здрав дух“, па токму затоа исконтактиравме со овој скопјанец, кој се надеваме со својата приказна ќе ве инспирира уште денес пладневната дремка на каучот да ја замените со некоја спортска активност.

Без спортувањето животот не би ми бил тоа што е сега. Преферирам трчање, а ги сакам спортовите кој бараат доста енергија. И покрај секојдневните обврски секогаш наоѓам време за спорт. Најсилна стрaнa ми е и дисциплинaтa, која спoред мене имa глaвнa улoгa вo зaцртaнaтa цел.

Практикувам да трчам на кеј и не ми е важно кој дел од денот е. Секогаш кога имам простор едноставно уживам. Опремата е секогаш со мене. Трчам шест дена во неделата, а тој еден ден што си го давам за „одмор“, имам друга активност. Играм фудбал со пријателите, што значи пак трчам.

Викендите ги користам за рекреација на Водно поради чистиот воздух и напорот кој го бара самата планина за искачувањето до врвот со трчање нормално од каде што уживам и во погледот. Никогаш не ми пречат временските услови, важно ми е да си ја постигнам замислената цел.

Секако за се ова да биде возможно и ефектно многу внимавам на мојата исхрана. Се трудам таа да е со што помалку масти, да содржи повеќе протеини и витамини, да биде подготвена на соодветен начин така што сите потребни работи ќе бидат ставени и тоа да биде во ограничени количини. Знам и сам да си подготвам оброк, нормално кога имам време и услови за тоа, а во спротивно купувам од соодветни проверени места.

#Коментари

Коментари

коментари