понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 0

Ацо Јовановски – Снагата, последниот бард на македонското глумиште

Screenshot_3

Ацо Јовановски – „Снагата“ (роден на 31 декември 1930 година во Скопје, почина на 18 март 2016 година во Скопје )  македонски филмски, театарски и телевизиски актер, еден од легендите на македонската драмска сцена. Тој е од првата генерација на дипломирани актери, бард на македонското глумиште, кој целиот свој работен век го поминува во МНТ и „Драмскииот театар“ од Скопје.

mkd-250165

Детството, младоста, школувањето и комплетната работа ги поминал во Скопје. Роден е во маалото кое тогаш го викале ”Циган маало” во семејство на шест сестри и браќа. Татко му бил чиновник, а мајка му домаќинка. Како дете бил палав и многу сакал да оди на театарски претстави, но тогаш почнала Втората светска војна.

По војната, во 1944/45 година се формирал македонски театар, кој бил многу посетуван од народот.  За тоа Ацо ќе каже: „Одевме со големо задоволство да гледаме претстави, конечно на својот мајчин јазик “. Тогаш за прв пат ги сретнал Петре Прличко,  Тодорче Николовски,  Илија Милчин, мери Бошкова, Илија Џувалековски…

ImageHandler

Во 1948 година излегол конкурс за Глумечка школа каде во конкуренција од околу 50-ина лица, го примиле и Ацо. Тогаш го почнал своето тригодишно школување. Во последната година од глумачката школа го ангажирале во првиот македонски филм „Фросина“ По катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година Ацо Јовановски оди во МНТ каде останува да работи 13 години, и станува еден од најдобрите македонски глумци. До заминувањето во пензија во 1995 година работи во „Драмскиот театар“ во Скопје. Има одиграно околу 100 театарски премиери  и околу 40 премиери на филм.

aco_jovanovski

Во неговата богата кариера има отстварил 10 – 12 врвни улоги, како во македонските така и во југословенските драмски претстави и филмови. Филмската кариера ја започнува со улогата во првиот македонски филм „Фросина“ во 1952 година.
aco_jovanovski-300x225
Според неговите актерски остварувања може да се окарактеризира како актер кој успешно и подеднакво се снаоѓа во толкувањето улоги во комедии, историски драми и филмови со современа тематика. За нив има добиено многу награди: за животно дело, за ролји и еден орден за труд. Тој е единствениот македонски актер, кој заедно со Петре Прличко ја има добиено наградата „Славица“.
Screenshot_2
Театарски улоги: Долго патување во ноќта – Едмонд, Пепелашка – Принцот, Манде –Турчинот, Галеб – Трепљов…
440D1EF07E01B2469773B72230F46045

Јовановски има одиграно околу 40 филмски улоги: 1952 Фросина • 1955 Волчја ноќ • 1959 Виза на злото • 1961 Мирно лето • 1962 Крст Ракоч • 1965 Денови на искушение • 1967 Македонска крвава свадба • 1968 Планината на гневот • 1969 Време без војна главна • 1970 Цената на градот, Црно семе, Црвениот коњ…

Неговото актерско дело продолжуваат да го негуваат неговата ќерка, актерката Силвија Јовановска и нејзините ќерки, внуките на Ацо, Ана и Јана.

#Коментари
[fbcomments]