вторник, 26 септември 2017  |  Вести денес: 0

Макало со наут и авокадо (посно)

makalo-so-naut927-10af0d-800x600

Потребни состојки: 

– 250 гр сварен наут

– 1 авокадо

– 2 лажици сушен кромид

– 1/2 лажичка ким

– 2 лажици маслиново масло

– сок од 1/2 лимон

– сол по вкус

– прстофат сушен копар

– малку бибер

Подготовка
1. Наутот се остава од вечер до утредента да кисне во вода. Потоа го вариме околу 25 минути. Го оставаме да излади.
2. Кромидот заедно со кимот ги ставаме во машинка за кафе или нутрибулет фино да се сомелат.
3. На авокадото му ја вадиме семката и го лупиме. Исечкано на ситни парченца го ставаме заедно со наутот, маслиново масло и сок од лимон да се блендира. Ако е многу суво додаваме многу малку водичка во која се варел наутот.
4. Ги додаваме зачините, промешуваме и го оставаме во фрижидер да се соединат вкусовите.

Забелешка
Количина на наут која е употребена во овој рецепт е 250 гр сварен наут. Прилагодете си ги зачините според ваш вкус и желба.
Од мелениот кромид со ким ставете по ваш вкус.

Извор: Моирецепти.мк

#Коментари