недела, 19 февруари 2017  |  Вести денес: 53

Александар Џамбазов – македонска композиторска и диригентска легенда

aleksandar-dzambazov-glavna

Александар Џамбазов  е роден на 3-ти февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Тој е еден од најпознатите македонски композитори и диригенти. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во МРТ (Македонската радио телевизија) како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, настапувал во земјава и во странство (Раденци во Словенија итн.). Добитник е на  над педесеттина стручни награди и бројни признанија.

84_1

Негов син е познатиот глумец и шоумен, Игор Џамбазов, а негова сопруга беше покојната македонска театарска и филмска актерка, Анче Џамбазова.

ance-i-aleksandar-dzambazovi

Творечкиот опус на Александар Џамбазов е многу богат. Автор е на голем број детски песни. Бил иницијатор, еден од основоположниците  и долгогодишен диригент на најпознатиот фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје.

Screenshot_11

Пишувал сценска и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др.

Screenshot_9

Компонирал и хорски композиции, како и голем број забавни и популарни мелодии, а е и еден од основоположниците, првите композитори и диригенти на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“.

uspeshni-roditeli-ushte-pouspeshni-deca-181297

Маестро Александар Џамбазов,  годинава (2016) го слави својот 80 роденден. По тој повод на 14 април во Македонската филхармонија ќе биде организиран голем роденденски концерт во негова чест. Диригент на концертот  ќе биде Саша Николовски Ѓумар, пијано ќе свири Дамир Имери, а целата манифестација ќе ја води помладиот Џамбазов, водителот, актерот и музичар, Игор. Во чест на маестро Џамбазов таа вечер ќе пејат Биба Додева, Сашо Гигов Гиш, Игор Митровиќ, Андријана Јаневска, Таде Талеска и Александар Тарабунов.

#Коментари

Коментари

коментари