сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 31

Благуња Бошњаковска од народната песна „Благуњо, дејче мори пожаранче“

Screenshot_4

Ниту  роднините не знаеја да го кажат точниот датум на раѓање на најпозната опеана тетовска убавица, Благуња Бошњаковска од народната песна  „Благуњо дејче мори, пожаранче“. Но затоа деновиве одговорот го најдовме на местото каде има повеќе податоци од Тетовскиот архив – Тетовските православни гробишта. 11-ти април – датумот на раѓањето на Благуња… засекогаш ќе остане како датум славен на најубаајте тетовски дејчиња! 

Screenshot_5

На семејниот гроб на семејството Бошњаковски неочекувано… и сликата и точниот датум на раѓање и починување на оваа најпозната тетовска убавица, која  била родена на 11. април 1889 година, а починала на 26. март 1956 година.

Благуња Бошњаковска потекнува од Пожаране, но семејството се преселило во Тетово, каде цел живот живеела. Откако не се зела за Аце Абаџија – ликот од од познатата народна песна (подоцна по грешка препеан во аџамија) – омажена е за 9 години постариот од неа, Диме Бошњак. И обајцата се погребани на ова место…!

Screenshot_3

Сторијата за тоа како е настаната оваа песна ја  раскажала во 1999 година баба Дука – ќерката на Благуња (починала во 2005 година). Според нејзиното кажување, песната е создадена пред нејзината свадба за Диме, кога Благуња имала околу 18 години во време турско, околу 1907 година !

На нејзината надгробна плоча доказ дека нејзиното име е Благуња (со Њ), а не како што некои новопрепеани верзии  во поново време ја пеат како Благуно дејче (со Н).
Се сеќаваме на Благуња… убавицата по која денес при секое нејзино опевање, каде и да е во светот… се обелува образот на Тетово, се спомиња Македонија.

Извор: Тајните на Тетово

#Коментари