четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Пет категории у една

article-2236792-162900E7000005DC-866_634x773

Киднав некња порано од работа  и се мислам кај да утепам време, јер ич не ми се иде дома, због тоа ш[о стариве константно ме малтретираат да се женам, јер наводно толку многу сум ја прекардашил со ергенлукот, шо више ни со две наводаџики не ќе можат да ме натераат да „рипам у тавче“. А, коа овака рационално ќе размислам, логички сам себе се прашуем: „Шо ќе ти е бе Рамбо тој  луксуз у живот, сеа, уше за малце“!? Али шо да праиш, коа имаш географски хендикеп да се родиш у затуцана средина на проклет Балкан, меѓу патријахално васпитана маса, со демоде погледи на живот! Него, доека ја така размишљам шо даље со себе, на мене налетујат Бубе – „Бугарот“ и Џоле – „Џигерот“ и сите тројца заедно седнуеме у прва биртија на по една грчка мастика и мала Шопска. И доека чекаме конобаркава да ни донесе прва тура, со Бугарот  паѓаме на муабет: „Како сексот?“, коа он, упорно ме убедуе  дека строго  го упражњава искључиво со супругата… своја и пар туѓи!

Screenshot_11

Мајку му, коа малце боље ќе размислам, испаѓа дека чоекот проклето е у право, јер види: ако  „дружиш“ некоја неудата девојка, може да и се деси да се заљуби у тебе, па хтео, не хтео, и ти оде јабана. У случај да е стара мома, или такозвана уседелица, опет не ваља, јер да била асална, не би била сама – некој би ја оженил! С друге стране, разведени жени, или у широки народни маси попознати као распуштеници, никако не идат у предвид, од прост разлог: да ја бидуело,  мужот не би ја „распуштил“ као бугарска скупштина! Јер, кој будала бега од убаво?

Screenshot_9

А, тек, не дај боже удовици… нека хвала, с краја да се од мене! Како зашто? Па, као прво, чим легнеш, одма почнуе у све да те компарира со покојниот и супруг. Од пропорции и димензии, преку понашање, прохтеви, манири и гестикулации, до „начин на работа“. А, кој сака да биде туѓаа копија, поготово на некој шо ем не го знае, ем шо нема ни теоретски шанси никад да да го запознае??! Плус, мене као шо ме дал Господ пргав, може да ми се стемни да ме споредујат со мртовци, па коа ќе ми пукне филмот на сред… има да ги отерам и неа и покојниот у… А, не е фино, јер као шо е општо познато: „О покојнику све најлепше“! Освен тоа, зајеби ти брат удовици, јер знаеш како викаат старите: „Тоа умирачката  понекад знае да  биде и прелазна болест“!  И на крај коа ќе видиш, једино шо ти останујат се удати жени. Ем се сигурна “тезга“, ем не се ризична група, ем не ти досаѓаат за брак, ем за нив, увек ти си најбољиот! Јер да им бил бољи мужот, не би се петљале со тебе, логично!

HJK&Sly

Само и тоа понекад знае да биде ризик, јер, еве ја рецимо памтам као денес, како у она време, непосредно после земјотресот, Блажо -„Бандажот“ ја растураше као дете звечку, Светле –„Штуката“. На малските копиљаци им дааше по 5 динара за сладолед, за да му свирнат под џам коа ќе здогледаат дека муж и на „Штуката“ се враќа дома од работа. Ондак „Бандажот“ набрзинка ќе се облечеше и рипаше преку задњото балконче од први спрат доле у тоа песокот, остаен за санација на оштетените згради. И све така доека еден ден, без да види дека мајсторите го тргнале песокот од под балконот на „Штуката“ и на истото место  ископале дупка пуна со негасена вар. Откоа рипна у  тоа варницата, престанаа да се гледаат, јер уше  доека лежеше у болница целиот у  опекотини од прв степен, докторите му рекоа дека потенцијата за него е минато определено свршено време, од прост разлог, шо не ќе има више шо да му се дига!

Screenshot_10

Него, ги остаив ја  ортацива да џапнат уше по една, и таман стигнав дома, коа на врата ме дочекуе старата и кука плаче јер на внук ми у школо му дупнале глаа со камењ, и зет ми пред малце хитно го однел у болница на шиење. Стигам ја у Ургентен на  хирургија, и у тоа ходникот кроз полуотворената врата од амбулантата го глеам малиов како урла, се дере, доека една докторка му ја крпи тоа тиквата. Упаѓам ја у нутра и шо да видам… Верче – „Вруќата“,  авион риба од старо маало. Од шо толку беше убава, имаше куп удварачи, и доека сиротата се одлучи кого да изабере… и пројде младоста.  „Докторке, ќе го биде ли детево или да идам у касапница по телешка глава?“ – и викам ја, а она се врти и коа ме препозна…!

10034652

Oткоа малиов со три копчиња и газа со фластер на глава, као безазлен случај  го испратив со зет ми да си иде дома, ја останав уше малце да се видам со докторкава. Ја прашуем кај  да ја најдам вечер за  да и се захвалам со една скромна закуска, коа она ме вика пак да доам тука за да се домуабетиме, јер цела ноќ е дежурна. Откоа вечерта прво испивме едно кафе за добредојде, уше едно за стимул,  па и трето со цигарата после легнуење, дискретно ја прашуем за брачно стање, а она ми вика: „И даље соло цура… на извесен начин. После толку девојачки години,  се омужив за војно лице, али након 2 години брак, се разведовме, јер коа се повлекуеше војската од држаава, ја неќев да идам со него. Шест месеци након тоа, ми јавија дека абдалот загинал у јуриш при освајање на Вуковар, така шо за кратко време ги пројдов сите фази: од уседелица, па мужена, преку распуштеница до удовица и сеа опет  мома“!

Screenshot_12

Ја глеам ја онака забезекнат пар секунди у очи, и си викам: „Алал да ти е бе Рамбо, ти баш знаеш  да „убодеш“… пет категории у една!

 

#Коментари