сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 0

Гордана Винчиќ: Со изложбата „Интуитивна исповед” сакам да ги срушам табуата!

гдгдд

Познатите уметнички кои живеат и творат во Шведска, а се со македонско потекло, сестрите Наталија и Гордана Винчиќ македонската јавноста имаше можност да ги запознае со изложба за Александар Македонски уште во 2014 година.

Сега Гордана Винчиќ повторно и се претстави на македонската публика овој пат со самостојна изложба под името „Интуитивна исповед”.

DSC_0091-650x541

Нешто повеќе околу тоа проговориме со Гордана во интервјуто за Вистина.мк.

Во септември 2014 заедно со вашата сестра Наталија под името „Д Винчиќ систерс“ имавте голем културно уметнички проект за Александар Македонски, составен од два дела – „Лицата на Александар“ и „Седумте капии на градот“, сега по кој повод сте повторно во Скопје?

Да, повторно изложба во Скопје. Овој пат е самостојна моја изложба во галеријата и музејот Остен на 14 април во 20.20 часот. Изложбата „Интуитивна исповед” е продажна и ќе има 30 дела. Десет од овие дела се веќе сопственост на Остен и ќе влезат како дел од 70-тата годишнина на Остен која се прославува со 70 уметнички мапи меѓу кои ќе биде и мојата баш со тие 10 дела. Значи самата изложба ќе биде и воедно промоција на мојата уметничка мапа.

13015362_10154106096294137_202181561714234630_n

Кој е концептот на изложбата „Интуитивна исповед”?

Интуицијата е света. Таа спојува со семоќната сила на креаторот и неограничените блажества на рајските градини. Самоостварувањето е возможно само преку интуитивна исповед. А што е тоа интуиција? Таа е тивкиот глас, потиснатите чувства и нашиот дух заробен како во волшебна ламба. Интуицијата е духот кој ги исполнува сите желби.

Нелагодните чувства кои уште од деца ги таложиме ја ограничуваат интуицијата. За да ја ослободиме таа најмоќна сила во нас, треба исповед. Едно од најважните потиснати чувства се желбата за еротика и интима. Дека се потиснати, знаеме преку чувството на љубомора, агресивност, страв и внатрешен немир.

12795324_10153985341069137_964911205439007602_n

Главно мото на изложбата е…

Не е лесно.. но признај пред себе што чувствуваш, признај го истото и пред твоето Божество и пред сите, ќе бидеш слободен и сите твои желби ќе бидат исполнети.

Како што рекол Карл Јунг: „Интуицијата дава поглед кон надвор и поглед кон внатре. Таа слави во градината на волшебните можности како да се вистински“.

Како дојде до соработката со уметничката галерија односно музејот на уметност во Скопје Остен?

Дорити Пачкова, која е вработена како арт куратор во Остен е дел од професионалниот тим. Таа ги забележа моите многубројни дела на Фејсбук и ми прати порака  и информација за биналето на цртеж иако не се познаваме лично. Таа нејзина порака беше првиот чекор на мојата соработка со Остен, кој според мене е професионална институција која не само што соработува, промовира и поддржува домашни уметници, туку и од целиот свет. Воодушевена сум од нивната професионалност која е на светско ниво.

12976784_10154151122984038_4803601203259600603_o

Од каде инспирацијата за „Интуитивна исповед”?

Сите мои дела се создадени во момент на интуитивна исповед при која ги ослободувам моите потиснати емоции. Тие ослободени проникнуваат и се чувствуваат во ликовите. Споделувајќи го искуството сакам да го поттикнам гледачот сам да се осврне кон своите чувства. Дури и кон оние, најзабранетите, како што се желбата за доминирање, желбата за полигамија.. така се станува херој!

Сите дела го носат насловот „Интуитивна исповед“, како и самата изложба. Инспирација ми беше таинствениот процес на самореализирање, постанување на херој или хероина. Тој процес неминовно преставува и индивидуализација на самата личност, ослободување од предрасуди, догми и срамови.

Феноменот срам ги прави и бариерите и препреките кој не спречуваат во самоостварувањето. Табуата во основа се базираат на срам. Срамот не дозволува уживанје во нашиот животен пат кон самоостварувањето.

Со моите дела самата вложив огромна енергија и за временски многу краток период, импулсивно, интуитивно и носена од емоции творев, ослободувајќи се полека полека од тие срамови и табуа. Фокусот ми беа автентични емоции и експресивна техника на цртеж каде што го потенцирам чувството на допир. Физички и духовен допир. Мината изложба потсетува на оваа во самиот концепт, но се работеше за Александар како личност и неговото самоостварување како херој.

1936517_10154053111034137_9025909578698577230_n

Потекнувате од уметничко семејство… Од кого го наследивте талентот?

Да, мојата мајка Марија Винчиќ е талентиран уметник која поради семејството и секојдневните обврски многу пати не ја ставаше на прво место својата дарба, но сепак впивав како сунѓер се што знаеше таа. Колку интересно, се научив уште како дете, техники од неа, без да знам и самата и без таа тоа да го посакувала.

За мене уметноста е предуслов за постоење, таа е според мене основно средство за самоостварување на секој човек. Тоа се однесува за сите, не само за уметниците. А во уметност се подразбира, музиката, театарот и поезијата исто така.

Уметноста кај мене помага да го составам својот личен животен пат и да го споделам тоа со сите онака автентично и несебично. Ме надградува од глава до пети нагалено кажано, моето физичко тело, мојот дух и мојата свест. Уметноста направи алхемичар од мене!

steampunk6 copie

#Коментари
[fbcomments]