сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 52

Коле Ангеловски – актер, режисер, сценарист, драматург… македонски културен великан!

kole

Коле Ангеловски е роден на 14 март 1943 година во Скопје. По средното образование, дипломирал актерство на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Коле Ангеловски – Дади уште во раното детство – како ученик во основното, а подоцна и во средното образование покажувал интерес и талент кон уметноста, а посебно кон драмската уметност.

628be11d-8032-4c06-b44d-04c1ef0ec49d

Како актер, уште во првата улога во филмот “Саша”, Ангеловски го зацртил типот на јунак претпознатлив во речиси сите негови улоги – било да станува збор за теми од современиот живот – “Lito Vilovito” и “Да се дојде и да се остане” – или пак теми од блиската или подалечната историја – “До победата и по неа” и “Македонскиот дел од пеколот”.

c4abb90b-9205-43ac-b0a6-001742f52bf0

Ангеловски како актер првпат пред филмската камера застанал веднаш по земјотресот во детската драма “Диди и Дади” каде со децата актери, брат му Владимир Ангеловски и Мите Грозданов и повозрасните актери како Стево Спасовски и  толкувале една од главните улоги во таа детска серија.

Screenshot_12

Од 1967 година работи во Драмскиот Театар во Скопје. Има напишано неколку драми, филмови и ТВ скрипти. Има режирано над 80 претстави, од кои повеќето се наградени на различни фестивали. Тој има играно над 20 театарски и 40 филмски улоги. Има преведено над триесет драми на Македонски. Ангеловски има над 500 часа разна телевизиска програма, главно улоги.

391177

На филмската сцена, како актер, дебитирла уште како студент во 1962 година, во југословенскиот филм „Саша“ на режисерот Раденко Остоиќ и ја добил дебитантската награда на Филмскиот фестивал во Пула (1963), а во 1965 година на истиот фестивал и наградата најдобар млад актер, за улогата во филмот “да се дојде и да се остане” на режисерот Бранко Бауер.

Screenshot_13

Ангеловски има режирано два играни филма. За својот режисерски првенец “Татко” (“Колнати сме Ирина” – 1973) ја добил престижната Награда “Кокањ Ракоњац” на филмскиот фестивал во Пула. Автор е и на втората филмска комедија во македонската кинематографија по “Мирно лето” на Д и митрие Османли, култната “Викенд на мртовци”, за кој ја добива наградата “Златна рипка” за режија, на Фестивалот на филмска комедија во Голубац, Србија. На истиот фестивал добива и Трета награда од публиката.

Screenshot_11

Филмската дејност на Коле Ангеловски е импозантна. Така, во 1966 година во филмот “До победата и по неа” игра споредна улога. Една година подоцна, во 1967, ја игра и главната улога во “Македонска крвава свадба”. Истата година тој е сценарист во филмот “Патека”. Во 1969 година игра споредна улога во филмот “Време без војна”. Во 1971 година игра главна улога во филмовите “Жед” и “Македонски дел од пеколот”. Во 1973 година тој е режисер и сценарист во филмот “Татко (Колнати сме, Ирина)”. Во 1979 година тој го режира филмот “Додека водата тивко шумоли”. Игра главни улоги во филмовите: “Оловна бригада” (1980), “Црвениот коњ” (1981), “Јужна патека” (1982), “Нели ти реков” (1984). Во 1988 година тој е режисер на филмот “Викенд на мртовци”.

FE06704F5CCA674AB789C5541C4AC927

Коле Ангеловски како актер има играно во следните филмови:

  • 1962 – “Саша, 1964 – “Попладне”, “Lito Vilovito”, “Народен пратеник”
  • 1965 – “Да се дојде и да се остане”, “Светски човек”, “Седма тура”
  • 1966 – “По Коњух планина”, “Среќните умираат двапати”, “Време на љубовта”
  • 1967 – “Тврдина на силеџиите”
  • 1969 – “Крос кантри”
  • 1970 – “Храненик”
  • 1971 – “Во гората расне зелен бор”
  • 1975 – “Го познавате ли Павле Плеша”
  • 1981 – “Брановиќ Страхиња”
  • 1987 – “Ајде да се сакаме”
  • 1988 – “Азра”
  • 1988- “Сулуде године”
  • 1989 – “Собирен Центар”
  • 1990 – “Станица на обични возови”
  • 1991 – “Вонземјаните се криви за се”
  • 1992 – “Дама која убива”

Kole-Angelovski-Custom

Коле Ангеловски како режисер ги има режирано следните филмови и ТВ серии:

  • 1973 – “Колнати сме, Ирина” (филм)
  • 1985 – “Солунски патрдии” (серија)
  • 1987 – “Училиште за кловнови” (серија)
  • 1988 – “Викенд на мртовци” (филм)
  • 1990 – “Викенд на мртовци” (серија)
  • 2003 – “Време за плачење” (ТВ)
  • 2003 – “Лото, лото” (серија)
  • 2009- ” Ветар низ тополите “(серија)
  • 79065D3632CF7143A55D628B595DFAF4

Коле Ангеловски Македонија го памети како театарски и филмски актер, театарски и филмски режисер и сценарист.  Ангеловски е режисер на повеќе драми, серии, документарци и филмови за македонските театарски куќи, телевизиски станици од кои најмногу за МРТВ. Тој е уште познат и како писател, драматург, публицист и културен работник.

kanceska-milevska-640x294

За својот сестран творечки опус на полето на културното живеење во Македонија, добитник е на многу награди како актер, режисер, истакнат културен работник, драматург, преведувач и др. Ангеловски е добитник и на највисоката македонска награда во културата, “Наградата за животно дело 11. Октомври”. Оваа награда се доделува на културни и други работници од Македонија кои имаат постигнато врвни резултати во својата дејност.

#Коментари
[fbcomments]