сабота, 29 април 2017  |  Вести денес: 6

Принс: 10 хита кои тој ги напиша, а не ги отпеа! (ВИДЕО)

146022

Неочекуваната загуба на легендарниот музички виртуоз Принс ја потресе јавноста во целиот свет, а во негова чест деновиве на речиси сите радио станици низ светот се вртат неговите бројни хитови што ги остави зад себе. Но, во неговата повеќедецениска кариера, освен за себе, Принс пишуваше бројни песни и за други изведувачи, дел од нив станале и најпрепознатливите хитови во нивните кариери. Интересно е тоа што на дел од овие песни, Принс  е потпишан под некаков псевдоним.

Во продолжение Ви нудиме листа на 10 песни чиј автор или еден од авторите е токму тој: Нелсон Роџерс – Принс.

Шила И. – The Glamorous Life

Легендарната перкусионистка постигна голем успех со овој хит од 1984 година, искачувајќи се меѓу најдобрите 10 во Велика Британија.

 

Бенглс – Manic Monday

Принс им ја понудил оваа песна на „Бенглс“ неколку години откако ја напишал, потпишувајќи се под псевдонимот „Кристофер“. Хитот се искачи меѓу најдобрите десет на повеќе топ листи ширум светот и е една од најпознатите песни на групата.

 

Селин Дион – With This Tear

Оваа песна Принс ја напишал како подарок за познатата канадска пејачка, која ја смести на својот втор албум на англиски јазик.

 

Шина Истон – Sugar Walls

И на оваа песна Принс не се потпиша со своето име, туку го искористи псевдонимот „Александер Неврмајнд“ (Alexander Nevermind).

 

Мартика – Love… Thy Will Be Done

Песната која подоцна ја преработија Џеси Вер и Делта Гудрем, Принс ја напиша заедно со Мартика.

 

Шинед О’Конор – Nothing Compares 2 U

Најголемиот хит на ирската пејачка и една од најпознатите балади од деведесеттите е всушност преработка на истоимената песна која Принс ја снимил со групата „Фемили“, еден од неговите споредни проекти.

 

Алиша Киз – How Come You Don’t Call Me

Малкумина знаат дека оваа песна од деби албумот на Алиша Киз, „Songs In A Minor“, е всушност преработка на помалку позната песна на Принс од осумдесеттите.

 

Синди Лопер – When You Were Mine

Оваа песна која се најде на првиот албум на познатата пејачка, „She’s So Unusual“, оригинално ја снимил самиот Принс.

 

Мадона – Hung Up

Во 1989 година, Мадона и Принс соработувале на дуетот Love Song за нејзиниот мошне успешен албум „Like A Prayer“. 15 години подоцна, таа повторно се навратила на песната од каде што повторно искористи неколку стихови, меѓу кои и „time goes by slowly for those who wait“, па така се роди хитот „Hung Up“.

 

Шака Кан – I Feel For You

Оваа и песната „I Wanna Be Ur Lover“ всушност беа напишани за Патрис Рашен. Додека првата стана вистински хит за Шака Кан, втората се смета за една од најпрепознатливите песни на Принс.

Извор: Huffington Post

#Коментари