недела, 22 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Адела Келеција: Ритмичката гимнастика влијае на правилниот развој на децата

aerobik

Правилнот раст и развој на децата зависи од низа  фактори меѓу кои е физичката активност која мора да биде правилно дозирана водена од стручно лице. Поради тие причини ви ја нудиме ритмичката гимнастика во аеробик центарот при С.Ц. Јане Сандански. Инструкторката по ритмичка гимнастика, Адела Келеција накратко ни раскажа повеќе зошто се препорачува овој спорт за најмладите.

Адела: Со многубројните вежби и елементи, ритмичката гимнастика делува на сите телесни сегменти и на тој начин влијае на правилниот развој на целото тело. Преку вежби и различни реквизити во форма на игра децата неприметно и позитивно си влијаат не само на своето здравје  и развој туку се здобиваат со работни навики и развивање на колективен дух. Решавањето на моторичките задачи со различна комплексност за кои е потребна координација, позитивно влијаат на когнитивните способности (интелигенција)  и позитивните карактеристики на личноста (храброст, самодоверба и слично). Детето ќе се здобие со одлична моторичка основа доколку сака понатаму да се занива со било кој друг спорт. Исто така, влијае и на позитивен развој на личноста, што и дава и воспитно значење. Акробациите кои што се дел од ритмичката гимнастика се индивидуални активности во кои што е потребно да се соочиме со стравот, желбата за повлекување кога доаѓаме во допир со непозната задача, потребата повремено да реагираме со точно дозирање односно степен на ангажираност на одредени мускули и контрола, со ова несомнено се подобруват  развојот на позитивните карактерни линии на секоја индивидуа.

СЦЈС: Какви форми преовладуваат во овој спорт?

Адела: Кога зборуваме за физичкото вежбање, особено кај децата, многу е важно да преовладуваат природните форми на движење и истите да се прилагодат на способностите на секое од децата за подоцна да можеме да влијаеме на нивниот развој. Ритмичката гимнастика со целата своја ширина, со вежбите за обликување и најразличните игри  представува незаменливо средство на физичко вежбање кое се препорачува и во предшколска возраст. Тоа е спорт кој што е богат со разновидни движења и положби. Богатство на движења и положби во движењето му овозможува на оној кој што ги практикува да створи огромен фонд на моторичко знаење. Огромниот фонд на моторичко знаење во конбинација со добра физичка припрема и здравје го прави човековиот живот поквалитетен но и да биде спремен за адекватно реагирање во било која ненадејна ситуација во секојдневниот живот.

1aerobik

СЦЈС: Колку групи има во аеробик центарот? Како е да се работи со тие дечиња?

Адела: Една од најпрекрасните работи на светот е да се работи со деца. Аеробик центарот при С.Ц. Јане Сандански е дефинитивно најдобриот во земјава. Најопремен е со реквизити, хигиената е секогаш на прво место, и особено ни е важно да владее пријатна и убава енергија меѓу сите нас. Децата, освен што се физички активни, тие и се забавуваат истовремено. Секој час е посебен и различен. Групите се поделени во термини соодветни според возраста и нивото на на развој во спортот. Има дечиња од 4 години и постари. Има термини во понеделник, среда и петок од 17:30-18:30 и oд 18:30-19:30 часот, и во вторник и четврток од 17:30-18:30 часот.

#Коментари

Коментари

коментари