среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Панчо ДНК: Се мачевме, не потценуваа, мислеа дека сме двајца ќелави и мали шутраци кои пејат за да ги препознаат во град!

fffff

Во пресрет на промоцијата на новиот албум на ДНК насловен „Уште еден ден“ како и спотот за песната „Стојам сам“ која ќе се најде на истоимениот албум, за Вистина.мк Панчо ги открива деталите околку овие важни новитети за ДНК. Меѓу другото, Панчо искрено и отворено раскажа за досегашните искуства на сцената, постигнатите успеси, создавањето на новиот албум, спотовите, како и емотивните моменти кои го инспирирале да ги напише тексовите на новите песни.

IMG_6764

Како дуо поминавте 15 заеднички години на музичката сцена. Останавте перманентни, стилски конзистентни со три албуми зад вас, многу спотови, два солистички концерти, соработки…што им останува на ДНК на полето за докажување?

Лелееее кога прочитав ова се си викам колку многу сме дале за македонската  музика штро треба една улица да крстат по нас или споменик да ни изградат негде во Скопје. Ние никогаш не сме се докажувале нити пак натпреварувале со никој . Едноставно сме работеле и сме биле истрајни . Јас знам дека трпеливоста секогаш се исплати и доколку си квалитетен тоа ќе исплива на површина и не може да остане незабележано од страна на публиката . Се мачевме многу , не потценуваа премногу , мислеа дека сме двајца ќелави и мали шутраци кои пеат за да бидат препознаени  во град или да можат да закачат плус некоја девојка во нашиот живот. Многумина мислеа дека пееме со парите од нашите родители. А кои пари? Мајка ми беше технолосшки вишок,  а на Андреј татко му беше единствениот вработен во четиричленото семејство! Едноставно ни беше многу тешко . Но ете дојде и денот кога не сфатија како сериозни поп музичари кои имаат свој бенд и свират често и насекаде. Благодарен сум на Господ што  воопшто ни го овозможи сето ова, а воедно сме  истите Панчо и Андреј – гладни за музика и настап како и првиот ден. Сега плус ни е Лазар Цветкоски  трет член и ќе тераме дур публиката го бара тоа 🙂 Нема што да се докажуваме никому, нашта работа е доказ …

Пред промоцијата на новиот албум „Уште еден ден“ која ќе се случи во понеделник(09.мај), од каква перспектива ја гледате музичката еволуција на ДНК од претходните албуми до најновиот?

Огромна . Да ве потсетам имавме и едно ЕП издание на пред сите три албуми кое се викаше  „Пази Дете “. Потоа 2010 дојде ” Казано е се ” работено со Врчак каде што имавме песни кој сеуште се пеат од типот на : „Таа тоа го крие“ , „Полна Месечина“ , „Навлечен на Тебе“ , „ Пази се од Мене “и ред  други … Потоа 2013-та „ Срце ” еден по сериозен чекор каде што се поврзавме со мојот Идол и виртуоз на новие балкански простори , а тоа е Лазар Цветкоски со кој го сработивме истиот,  а од него излегоа песните од типот на : „Авион“,  „Срце“ ,  „Што сака нека биде“ , „ Дада“ , „Од утро мрак“ , „Старлета“ , „ Едно тело“ , и 2016-та повторно со Лазе албумот „Уште еден ден ” таму се за сега : „Север и Југ“ , „ Најмила“ , „ Само таа знае како“ , „ Она е од Шутка“ и „Фрази љубовни“  а другите 7 се надевам дека ќе ги потенцирам скоро сите во наредното интервју за 3-4 години за новиот албум. Овој последниот според нас е чекор пред сите останати , полека работен и со многу искрени емоции и текстови од душа … Едвај чекаме рецензија од вас новинарите,  а посебно од публиката.  Како и да е еволуцијата е очигледна и верувам на добро, а реков, ваше е да кажете.

 

Како се создаваше „Уште еден ден“ и како го дефинирате финалното дело?

 Две години активно , како што кажав чекор пред другите. Емотивно искрено издание како текстуално од мене така аранжмански од Лазар . Да не заборавиме мастеризирано е во Метрополис Студио во Лондон каде што мастеризирале  ликови како Бијосе, Пи Диди, Роби Вилијамс, Ејми Вајнхаус  и ред  други глобално светски ѕвезди …  Сакаме да вложуваме и поставуваме стандарди… А парите секогаш ни се на последно место.

IMG_6720

Освен сингловите што веќе се познати, имате ли прогноза и фаворити од новите песни на албумот?

Па не можеш  да одвоиш  кое дете најмногу го сакаш нели ? Исто е и со песните.  Се решивме за спот на темата „Стојам сам“  бидејќи мислевме дека е така некако, нај „унисекс“ да ја опфати популација од 7 до 77,  но, и тоа не се знае. Правила нема и немаме рецепт за хит. Ние сме двајца ќелави шутраци  на кои им се потсмеваа нели, па нека остане тоа така ама нека ги пеат песните, може ? 🙂

 

Велат дека добриот тим не се менува, а таков е случајот и за вашата соработка со хитмејкерот Лазар Цветковски кој го нарекувате  трет член на ДНК. Значи ли тоа дека е изземена потребата за експериметирање во тој поглед?

Лазе е трет член и има огромна заслуга за сето тоа што е ДНК денес . Музички Ајнштајн според мене. Човек  што знае да ти извлече максимум од тебе. Го прави невозможното, но што е уште по важно нема его, соработува максимално и прифака критики. И позитивни и негативни, што не е баш случај со останатите продуценти ( зборам за сите продуценти воопшто, не само македонските ). Еве имаме три аранжмани од странски артисти. Нормално со помош на Лазе испаднаа песните по наш ќеф. Веке познатата песна : „Она е од Шутка ” е на Baby Dooks од Загреб и со мала корекција на Лазар стана хит . Потоа на албумот имаме уште две од босанскиот продуцент  Дамир Јахиќ ака Цекиќ : „Темно е ” и  „Ѕвер ” што  Лазар одма ги прифати и само доработи аранжман и ете ги кај нас на албум. Значи тимот еволуира, работи има хемија и нема потреба од менување. Додека има хемија тераме,  а тоа значи додека не држат гласните жици.

Со новиот албум го промовирате и спотот за „Стојам сам“, кој е уште еден во низата на многуте ваши видео приказни. Како песните се покажеле за поуспешни, со или без спот?

Песната ако е добра нема потреба од видео запис. Но некогаш  е убаво да се визуелизира,  ама треба да се погоди спотот. Инаку може да ја уназади самата песна или обратно – лоша песна да допре поубаво до луѓето и да ја сварат подобро. Реков нема правила како и се’ друго во животот.

Во новиот спот своја улога има и сопругата на Андреј, Наталија. Од каде оваа идеја?

Искрен да бидам како што  сум од секогаш,  девојката која требаше да глуми со Андреј откажа пред снимање и жртва нормално прави фамилијата,  а кој друг нели ? Поинтересно е што Нате е прв пат пред камера, а изгледа како да е цел живот пред објективот и благодарам што не спаси и ни го разубави спотот.

00000.MTS_.Still007-1024x576-650x366

Какви чувства ќе ни раскаже Панчо низ текстовите овој пат? Што ја иницираше инспирацијта?

Животот, љубовта како движечка сила на човекот, тажните емоции и периоди по загубата на мојата мајка и искреноста … Искрено се истрошив многу емотивно,  но сум среќен дека го спакував тоа како што треба и се беше спонтано.

Песната „Срце“ од истоимениот албум има повеќе од милион прегледи на интернет каналот Јутјуб. Мислевте ли дека токму оваа песна ќе доживее ваква популарност?

 1.500.000 Милиоооон и петстотини . Искрено не, оваа песна за малку  немаше да се сними, Андреј не ја доживеа добро и не сакаше да снима. Ама ете го убедивме со Лазе и се’ си дојде на свое место . Сепак, се’ се случува со причина, нели?

Како дуо што постојано нуди нешто ново на домашната сцена, дали сте се обиделе да добиете државни субвенции и каков е вашиот став околу ова?

 Да не го расипеме интервјуво џабе. Еве за „Стојам сам“  се’ уште чекаме, можеби ќе ни дадат. Ама штом не одбијат знам дека песната е хит бидејки до сега така испаднало. Изгледа тамошното жири има некоја болест на ушите за препознавање на добра песна, па по тоа прашње ќе пробам да не коментирам многу.

IMG_6811

Дуетските песни  со колешките Елена Ристеска и Тамара Тодевска кај публиката поминаа одлично. Мотивирани ли сте повторно за некаква соработка?

 Со Елена песната испадна сосема случајно и е снимана уште пред 2 ипол  години.  Ми се јави,  ме покани само мене и на мое огромно задоволство испадна одличен дует , додека со Тамара беше циркуз.  Се работеше брзо,па Тамара ко Тамара – не сакам ваков текст, сакам ова, не ми се допаѓа Андреј како звучи, па без него,  ама ја убедив некако и ете испадна најслушана песна за 2015-та. Пак ќе кажам, ништо не е случајно.

IMG_6781

Каква е професионалната и приватна агенда за претстојното лето на Панчо и Андреј?

 Ќе кажам за професионалната дека имаме веќе закажано многу настапи со бендот, иако се’ уште е рано. Ќе посетиме доста градови и општини плус клубските изданија. Таман за одлична промоција на албумот и се надевам уште еден голем концерт во Скопје, по пауза од пет години за да ги крунисаме 15-те години постоење. Приватните планови ги оставаме за нас. Сепак дружба е дружба, а служба е служба!

#Коментари
[fbcomments]