вторник, 24 јануари 2017  |  Вести денес: 30

Великанот на македонското глумиште, култура и историја: Големиот Ристо Шишков

risto-siskov

Великанот на македонското глумиште и еден од најголемите македонски родољуби и патриоти, големиот Ристо Шишков е роден во 1940 година, во селото Мрсна, Серско, Егејска Македонија, во ситуирано трговско семејство. Татко му Васил и најстариот вујко лежеле 4 години затвор на Крит. Во1942 година Ристо ја доживува трагичната судбина на децата бегалци од Егејска Македонија. Преку Бугарија во1945 година неговото семејство доаѓа во Струмица, каде тој се школува.

12919615_1206149402736339_4155898215475609447_n

Имал првична намера да студира атомска физика, но наеднаш се премислува, па во 1962 година дипломира на Театарската академија во Белград, на отсекот за глума. По двегодишната работа во Југословенскиот драмски театар во Белград, Шишков доаѓа воСкопје и од 1 октомври 1964 година станува член на драмата на МНТ. Играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма (во дванаесеттиот, „Води“, неговата ролја е избришана и преснимена), пет телевизиски драми и три телевизиски серии, повеќе радиодрами. Добитник на една театарска награда на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1977 година) за улогата во претставата „Крчма под зеленото дрво“.

siskov4

Во 1979 година е накодошен и обвинет за навреда на српски и хрватски артисти,  и изречени навреди за Тито, и на 15 јануари 1980 година заминува на излежување на  затворската казна. По долго и мачно боледување, умира на 17 јули 1986 година во Скопје.

Screenshot_18

Во негова чест, од 1992 година во Струмица се одржува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Син на Шишков е сега покојниот,  македонски глумец Васил Шишков.

risto

Ликот на Ристо Шишков како еден од великаните не само на македонското глумиште, туку и на македонската култура и историја воопшто, се игра и во драмата „Вечната куќа“ на Јордан Плевнеш во режија на Дејан Пројковски, со која на 7-ми декември 2013 година беше и отворен новиот објект на Македонскиот народен театар.

Vecnata-Kuka_033-520x286

Во првата сезона, се до неговата ненадејна смрт, улогата на Ристо Шишков ќе ја толкува син му Васил.

CCA96CBA4330AD44973D6EE1EB214996

Награди

  • 1967 ФФАО, Ниш — Специјална награда за улогата во „Планината на гневот“
  • 1976 ФФАО, Ниш — Повелба за машка улога во „Најдолгиот пат“

Црно_семе_(сцена)

Филмографија и филмски улоги

#Коментари

Коментари

коментари