среда, 18 октомври 2017  |  Вести денес: 0

Нина Јанева: Се она што го правиме – го правиме со умот

Пејачката Нина Јанева, еден од најдобрите женски вокали во земјава, за читателите на Вистина.мк ја даде својата лична препорака.

nina

Книга и автор: ``Моќта на потсвеста“ од Џозеф Марфи – во последно време читам книги кои можат да ми помогнат да го одржувам и  подобрам силниот дух и енергија во кои навистина верувам и наместо да давам кратко резиме ќе им оставам на заинтересираните да ја прочитаат, затоа што се она што го правиме – го правиме со умот.

mokta_na_potsvesta

Наслов на филм и жанр: “The Last Samurai“ историска драма – дефинитивно и апсолутно филм од кој се учат основните човекови доблести, карактеристики со кои треба сите да располагаме. Дисциплина, хиерархија, лојалност, добрина, истрајност, борба и фер игра.

the-last-samurai-movie-poster-2558

Име на музички албум: “With us until you’re dead“ Archive – албум чиј носечки сингл Wiped Out ме помести во друга димензија, ми помогна уште повеќе да ги проширам хоризонтите и да загазам подлабоко во светот на експериментирањето на комбинацијата на звуци, инструменти и ефекти. Ова е албум кој заедно со останатата дискографија на Archive мора да се преслуша… барем едно стотина пати 🙂

Archive

#Коментари