четврток, 27 април 2017  |  Вести денес: 0

Вистина.мк мина еден ден со Хуан Фелипе: Ќе направиме се Вардар да игра во Лигата на шампиони!

1

Македонскиот фудбалски шампион триумфално ја заврши сезоната во домашното првенство, закитувајќи се со нова шампионска титула, десетта во нивната клупска историја, втора во серија, со пет бода предност пред второпласираната Шкендија од Тетово.

Покрај прославата на титулата, за прв пат во историјата на македонскиот фудбал ФК Вардар официјално ја отвори Фудбалската академија, чија цел е да создаде надежни фудбалски кадри, кои во иднина би можеле да бидат дел од првата екипа на клубот.

DSC_0541

Исто така беше поставен и камен – темелникот на помошниот објект, кој ќе располага со подземен паркинг, кантина за релаксација на родителите и продавница за сувенири.

Кога станува збор за успехот на фудбалскиот клуб, еден од главните носители на играта е бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе Алвас Рибеиро, кој на почетокот на сезона 2014/15 дојде од ЦСКА Софија во редовите на Вардар. Фудбалерот не пречека и угости во неговиот дом, чија локација нема да ја откриваме од оправдани причини. Живее сам, повремено го посетува семејството, а покрај тоа што наидовме на чист, среден и убаво наместен дом, внимание ни привлече модерниот и современ начин на уредување на просторот. Муабетот го започнавме од спортски аспект, за потоа да откриеме нешто повеќе за него од приватниот живот.

Хуан Фелипе е роден во Сао Висенте и типично како за сите Бразилци, од мали нозе покажува интерес за фудбалот. На само 28 години тој има играно во голем број квалитетни тимови, како што се Санто Андре, Ред Бул Бразил, Ориенте Петролеро и Сао Карло и има солидна кариера зад себе.

DSC_0382

Покрај успесите на теренот, во приватниот живот бразилскиот интернационалец и покрај славата која ја ужива, покажува скромност и дисциплинираност, типична за професионалец.

Уште додека играше за ЦСКА Софија Хуан Фелипе беше забележан од луѓето на Вардар, па откако бугарскиот шампион беше исфрлен во најнискиот ранг на натпреварување, фудбалерот потпиша за Вардар и стана дел од тимот на црвено – црните.

Иако е само една година во тимот, а има настапувано во повеќе тимови кои ги наброивме погоре во текстот, фудбалерот има само пофални зборови за третманот кој го добива од клубот:

„Во Вардар се чувствувам предобро, тука сум примен извонредно. Ова ми е за сега најдобриот дел од кариерата.“

13151672_890665461045639_4181277364139131804_n

 

Вардар не успеа да ја освои двојната круна, но сепак има нов предизвик пред себе, а тоа се квалификациите во Лигата на шампионите. Играчот во однос на новиот предизвик го кажа следното:

„Кога дојдов тука разговаравме да освоиме три титули. Ја освоиме првата  за Супер купот. Потоа игравме во купот и беше за нас многу тешко. Добивме две од трите титули кои беа предвидени. На одреден начин сум задоволен, ќе видиме понатаму. Тешко е да се влезе затоа што добри тимови ни се конкуренти за Европа. Но не е невозможно, бидејќи ние ќе работиме вредно и ќе направиме се за да влеземе во една од групите на Лигата на шампионите.

Бразилскиот интернационалец започнува да игра футсал, а потоа преминува во големиот фудбал. Тој потенцира дека тоа не е проблем и не е голема разлика за Бразилците воопшто дали е голем или мал фудбал, бидејќи оваа игра и е во крвта на оваа нација.

DSC_0621

 

Во однос на разликата помеѓу европскиот и јужно-американскиот фудбал, Фелипе истакна:

„Во Бразил се игра индивидуално, а тука играта е колективно и има тактика. Тоа е најголемата разлика меѓу тимовите во Бразил и овие во Европа.“

Играчот на Вардар не крие дека сака да настапи за македонската фудбалска репрезентација, доколку добие повик од селекторот Игор Ангеловски.

Во пресрет на Европското фудбалско првенство во Франција, Фелипе има свој фаворит, а исто така го прокоментира и го прогнозираше претстојното финале од фудбалската Лига на шампиони:

„Ми се допаѓа шпанскиот фудбал, сличен е со бразилскиот во однос на техниката и формата на играта. Финалето во Лига на шампионите ќе биде тежок натпревар. Двете екипи се од Шпанија и се познаваат доста добро. Мислам дека Реал е фаворит и дека ќе победи“.

DSC_0606

Интересно е да се истакне дека неговата најголема неостварена желба е во иднина да биде хуманитарец и да помага, особено на сиромашните семејства.

Разговорот со него го продолживме со пиење на првото утринско кафе во „Скај бар“ во Хотел Руссиа. Како и за секој професионален спортист, така и Фелипе има строг режим на исхрана, па најчесто дел од менито му се макароните, за кои тврди дека му даваат енергија за игра, но и придонесуваат да се чувствува полесно. Во однос на македонската кујна, сега за сега омилени му се салатите.

За постигнување на резултати и градење на солидна кариера, фудбалерот отворено призна која е цената на успехот:

„Уште како мал често играв фудбал, но не чувствував проблем околу работите од кои требаше да се откажам. Додека моите другари излегуваа во дискотеки, јас одев да спијам дома. Ова е цената на успехот, но таа е иста за сите спортисти не само за мене. Од друга страна женет сум и тоа само би ми го нарушил континуитет во работа. Сакам да бидам одморен за тренингот, а и моето семејство и роднините се мојата најголема поддршка за тоа што го работам и со нив секојдневно комуницирам“.

DSC_0559

 

Успешните и познати спортисти неретко се и заштитни лица на модни и спортски брендови. Фелипе нема омилен бренд кој би сакал да го рекламира, но секако не би одбил понуда да биде заштитно лице.

Тој исти така нема дефиниран стил, односно сака да експериментира во однос на парчињата облека, како и модните додатоци. Покрај аксесоарите, телото на Фелипе е украсено со тетоважи:

„Јас дури и како мал практикував да носам модни додатоци. Ми се допаѓаат, тоа е дел од мојот стил. Имам 14 тетоважи, од кои три се посветени на моите три деца. Планирам кога ќе се вратам во Бразил да направам нова тетоважа.“

DSC_0659

Во светот на фудбалот, бразилски фудбалери се познати по правењето на позитивна атмосфера во соблекувалната, па играчот иако е илјадници километри одалечен од дома, знае да ужива во звуците на бразилската музика:

„Во Бразил во сите кабини има музика, сите танцуваат, па дури и јас често слушам музика од родната земја. Јас сум единствен Бразилец во Вардар, па стравувам дека погрешно би бил сфатен доколку пуштам музика и почнам да танцувам.“

DSC_0616

Македонскиот јазик го разбира, тешко го зборува, но тоа не е пречка за да оствари комуникација.  Со играчите од тимот е во добро односи, но најголем дел од времето поминува со Артак Дашјан, Хамбарџумјан и Евгениј Новак.

За крај на нашиот разговор со играчот прошетавме низ плоштадот на градот, каде направивме фотографија покрај „Воинот на коњ“ и поразговаравме околу долгите имиња на латино -американците и изгледот на главниот град. Иако португалските и бразилски репрезентативци се познати по долгите имиња, фудбалерот најчесто при комуникација и потпишување го користи името Хуан Фелипе. Му се допаѓа изгледот на Скопје и за главниот град го кажа следното:

„Многу е поразлично од Бразил.  Но, ми се допаѓа Скопје, помирно и мојата фамилија тука е сигурна и опуштена“.

DSC_0660

 

Бразилскиот фудбалер заслужениот одмор ќе го помине во кругот на семејството, па ќе се врати назад за летните подготовки на клубот:

„Се враќам во Бразил. Прво во родното место Сао Висенте, а потоа со семејството ќе отпатувам во Рио де Женеиро.“

Разговарала: Бојана Нојиќ

DSC_0668

DSC_0649

DSC_0461

DSC_0554

DSC_0547

DSC_0542

DSC_0414

DSC_0371

DSC_0365

DSC_0662

DSC_0661

 

 

#Коментари
[fbcomments]