вторник, 24 јануари 2017  |  Вести денес: 28

Наско Џорлев – големиот македонски фолк творец и естраден уметник

Screenshot_3

Наско Џорлев својот животен пат го започналво 1932 година во Струмица. Како внук на Ристо војвода, другар од Кукуш на Гоце Делчев, тој бил воспитуван и  израснат во патриотски дух, што не ретко се изразувал и во неговите песни. Музичкиот талент го води на студии по фолклор во Белград, а по завршувањето се враќа во Струмица, каде што извесно време работи како професор по хармоника и труба.

10429406_944286258938055_5462309125276838367_n

Со формирањето на својот „Ансамбл на Наско Џорлев“, го напушта професорството и тргнува да живее од естрадниот леб, по патишта и турнеи, исполнети со многубројни  настапи и концерти.

Screenshot_5

Како негово откритие секогаш се претставувале видни пејачки имиња на македонската народна песна, како што се Петранка Костадинова, Виолета Митева, но и Уснија Реџепова, а и инструменталистот Ферус Мустафов.

A-916026-1383169300-7116.jpeg

„Не кажувај либе добра ноќ“, „Во Струмица на улица“, „Кажи, кажи облаче ле бело“, „Фато мори душманке“, „Дедо мили златни“, „Земи оган запали ме“… и уште стотици песни, преточени во синглови, ЛП-плочи и ЦД-а како дел од творештвото во новосоздадената македонска фолк музика, е  она што останува зад Наско Џорлев.

BE1CEA7C472ACF4B9F01EA538E0CBF52

Големиот македонски естраден фолк уметник и творец Наско Џорлев почина во 2006 година, а е погребан во неговата родна Струмица.

hqdefault

Со последното кажување добра ноќ на Наско Џорлев останаа песни, кои неговиот син Зоран Џорлев ги смета како аманет за да бидат изведувани за навака.

10361564_944286785604669_8020334904448422604_n

Токму тој, денес познат и признат виолинист и актуелен директор на Националната установа Танец, ансамблот за народни игри и песни од Македонија, заедно со сестра си Софче и нејзиниот син, внукот Огнен ја продолжуваат музичката традицијата на семејството Џорлеви!

#Коментари

Коментари

коментари