недела, 19 февруари 2017  |  Вести денес: 53

Даниел Кајмакоски: Им згрешив на луѓето од продукцијата на ТЛЗП!

kajmakoski

Откако со победата во третата сезона на регионалното ТВ шоу „Твоето лице звучи познато“ уште еднаш ја направи горда македонската јавност, Даниел Кајмакоски докажа и покажа дека е роден да биде на сцената. Со своето константно брилирање во ТЛЗП во улога на големите музички ѕвезди, Даниел заслужено ја однесе наградата од 25 илјади евра, момент за кој вели дека ни самиот не се надевал ниту го очекувал. Откако ги среди впечатоците и хуманитарно ја донираше парчната награда онаму каде е најпотребно, Даниел за Вистина.мк ги откри најинтересните детали и впечатоци од учеството во популарното шоу.

13245216_997334397023611_934917283318180796_n

Дали по сите недоразбирања со организаторот и неподмирените долгови кон тебе по победата на Х-фактор, беше скептик кога стигна понудата за учество во Твоето лице звучи познато (ТЛЗП)?

Хахаха искрено ниту Х фактор ниту Скопје фест не ми ги исплатија парите и тоа навистина ме разочара, но тоа не беа причините зошто се двоумев, сакав да размислам добро дали сега ми е моментот за такво шоу и дали би се снашол добро во тие улоги! Но хуманоста на ова шоу на крај ме убеди, плус отсекогш сакав да видам колкави се моите глумачки способности и навистина уживав во секое време. Продукцијата Emotion се покажа како многу добра и секоја им чест за тоа што ме убедија да учествувам, а посебно благодарение на Господинот Вук !! Испаднаа навистина фер и докажаа дека не местат вакви работи. Браво за продукцијата!

Која од улогите и ликовите што ги имитираше те изнамачи, а која ти “легна од прва“?

Најтешка задача ми беа Мајкл Џексон и Рамштајн, но најмногу се изнамачив за Шабан Шаулиќ посебно за тие триллери да ги фатам. (Ха ха ха)

dan

Те изненади ли победата на ТЛЗП и дали можеби потајно ја очекуваше?

Реално мислев дека форсираат други, се помирив со тоа и си реков ајде барем покажи се во најдобро светло, но згрешив со таа предсуда, им згрешив на луѓето од продукцијата бидејки на крај навистина победив и не ми се веруваше! Кога Каја и Ивана испаднаа мислев дека имам шанси и почнав да се потам, им испратив на моите пријатели веднаш порака дали е можно пак да победам ?? И тие ми вратија, ќути не кажувај пред време( хахахаха) но реално публиката е заслужна за мојата победа. Фала ви уште еднаш на сите што ме направивте по вторпат победник! Во Србија сигурно не ме викаат повеќе на емисији, ќе ми удрат црн печат во пасошот. (Ха ха ха) се шегувам, пресреќен сум, но сега е доста и им препуштам на младите да победуваат во иднина. Доколку Македонија сака јас би сакал само уште еднаш да си го исперам лицето на Евровизија и толку од мене со натпреварување.. 🙂

13260063_1001142163309501_2710182578673619649_n

Со кого од целата екипа , вклучувајќи ги учесниците, но и членовите на жирито имаше најдобри релации, а кому очи не сакаш да му видиш?

Јас сите ги засакав и сите ми се посебно драги, но Неша ми стана навистина добар пријател. Нема некој на кој очи не сакам да му видам навистина бевме сложна 3- та сезона. Со Ана Кокиќ станавме добри пријатели и сигурно ќе соработуваме во иднина.. Ана беше огромна подршка во ова шоу.

dabrt

Што беше пресудно да ги донираш парите таму каде што ги донираше, на децата и самохраната мајка од кумановското семејство ?

Срцето така одлучи, Господ така сакаше! Мене ми беше вистина тешко, не е лесно да одлучуваш за туѓи животи, плачев дури одлучував на каго ќе му ја дадам наградата и секој случај ме растажи, но ете сакав на таа мајка да и помогнам, тоа срцето го одлучи…

Имавте ли и вие како учесници договор и свои хонорари надвор од сумата за освоеното прво место и дали овој пат продукцијата го испочитува договореното?

Не сакам да влегувам во детли на таа тема, сакам само да кажам дека максимално сум испочотуван од страна на продукцијата и секоја им чест навистина испаднаа повеќе од фер.

13221521_529270177246151_4966133283086970150_n

Зошто овој пат реши комуникацијата со водителката и жирито да ти биде на српски, а не на македонски јазик?

Тоа не беше мој избор. Продукцијата ме замоли да зборувам на српски поради технички причини, а јас им објаснав дека немам поим од српски и дека би сакал да зборувам на македонски, но ме замолија да пробам да зборувам на српски за да им олеснам ! Но важни се зборовите, не јазикот а мислам дека сепак не представив добро. (Ха ха ха)

До каде си со подготовките на новите песни и кога конечнио ќе го дочекаме твојот дебитантски албум?

Се надевам што побрзо наскоро ќе излезе нова песна и нов спот, а со албумот се надевам дека ќе можам брзо да ве израдувам.

Ќе има ли учество во некое следно телевизиско, талент, мјузик, гејм, квиз, ентертејмент… шоу и дали можеби овој пат повеќе би ја прифатил улогата на судија, односно жири, отколку улогата на учесник?

Зошто да не! Би сакал да прифатам улога на жири, но моментално сум фокусиран на нови песни и албумот, па за се друго ќе покаже времето како ќе се одлучам.

12311575_10207052105772778_1516733086_o-650x2961

Зошто твојот верен другар од детството Антонио Павловски, кој по завршувањето на Х-фактор беше постојано со тебе, наеднаш го снема од твојот професионален, или можеби и приватен живот и што се случи меѓу вас двајцата за да се разделите?

Еве го седи до мене и се смее 🙂 имате поздрав од него…

Дали остануваш да ја градиш музичката кариера во Белград , се враќаш во Македонија или ќе работиш паралелно на обата музички пазари?

Би сакал да работам паралелно, но Македонија е мојата татковина, моето срце чука во македонски ритам, би сакал да постигнам што повќе во мојот живот и да продолжам да ги израдувам и изненадувам Македонците! Целта ми е да бидам достапен за целата мојата публика во целиот регион, но базата да ми биде секогаш Македонија!

mars

копира

#Коментари

Коментари

коментари